Џеј Ло тажна и со исфлекани панталони на велосипед на втората годишнина од бракот (фото)
- Детали
- среда, 17 јули 2024
Слично како пред една година, Џеј Ло беше фотографирана на велосипед во Хемптонс. Но, овој пат наместо со сопругот и ќерката, таа беше сама и со тажен израз на лицето.
Џенифер Лопез изгледа тажно на фотографиите направени во вторникот (16.07), односно на денот на нејзината втора годишнина од бракот со Бен Афлек.
Таа беше фотографирана како се вози на велосипед сама низ Хемптонс, додека нејзиниот сопруг во моментов е во Лос Анџелес, каде има работни обврски.
Додека Бен беше фотографиран во костум и сериозен, Џеј Ло, на себе носеше панталони со прерамки, кои имаа голем број флеки на нив, како буквално да излегла додека дома ги боела ѕидовите.
Забележително е дека на Џеј Ло не ѝ е сеедно што на денот кога требаше да прослават 2 години од моментот кога застанаа пред олтар и го кажаа судбоносното „да“ во Лас Вегас, таа е сама, без својот сопруг.
Инаку, и минатата година кон крајот на јули и почетокот на август парот беше заедно во Хемптонс, кога беа фотографирани како се возат на велосипеди.
Со оглед на тоа што таа сѐ уште не ја вади бурмата од раката, јасно е дека пејачката и актерка нема намера да се откаже од бракот со љубовта на нејзиниот живот.
Во нејзиниот документарен филм, посветен на нивната љубовна приказна, Бен рече дека првиот пат се разделиле затоа што не му се допаѓало тоа што јавноста била опседната со нивниот приватен живот.
Дали на парот му се заканува развод, како што тврдат многумина, останува да видиме.
Прочитајте и Пред 20 години откажаа свадба, сега разводот е неизбежен – Комплицираната љубовна приказна на Бен Афлек и Џеј Ло
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело