Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Почина актерката Шенон Доерти, по долгата битка со рак

Шенон Доерти ја изгуби битката со ракот на дојка кој почнал да се проширува и на другите делови од телото. Актерката починала во саботата, а последните мигови ги поминала со семејството.

pochina-akterkata-shenon-doerti-po-dolgata-bitka-so-rak-01.jpg

Шенон Доерти ја изгуби битката со ракот, а тажната вест ја потврди нејзиниот портпарол.

pochina-akterkata-shenon-doerti-po-dolgata-bitka-so-rak-02.jpg

53-годишната актерка првпат беше дијагностицирана со рак на дојката во 2015 година, а потоа во 2020-та откри дека болеста се вратила.

„Со жалење потврдувам дека актерката Шенон Доерти почина. Во саботата, на 13-ти јули, таа ја изгуби битката со ракот, по многугодишна борба.

Посветената ќерка, сестра, тетка и пријателка беше опкружена со саканите, како и нејзиното куче.

Семејството моли за приватност во овој момент за да можат да тагуваат во мир“, изјави публицистот за магазинот People.

pochina-akterkata-shenon-doerti-po-dolgata-bitka-so-rak-05.jpg

Шенон, која се прослави со серијата Beverly Hills, а потоа и Charmed, отворено зборуваше за битката со ракот.

Изминатава година беше особено тешка за неа бидејќи покрај болеста, таа минуваше и низ развод.

pochina-akterkata-shenon-doerti-po-dolgata-bitka-so-rak-04_copy.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Актерката Ребека Гејхарт и по 24 години не може да си прости што усмрти дете: „Не сакав да живеам“ „Не сакав да живеам по несреќата во која усмртив 9-годишно момче. Поминав скоро ...
Познати личности од Македонија и светот што ги изгубивме во 2024-та Шенон Доерти ја изгуби битката со ракот, додека Лиам Пејн трагично загина на сам...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg