„Изгледав како лик од ’Глуп и поглуп‘“ – Бекамови во истиот скандалозен аутфит од свадбата пред 25 години

„Погледнете што најдовме“ – напишаа Дејвид и Викторија Бекам до фотката на која по повод 25-тата годишнина од бракот позираат во виолетовите аутфити од свадбата кои со години наназад беа предмет за потсмев.

izgledav-kako-lik-od-glup-i-poglup-bekamovi-vo-istiot-skandalozen-autfit-od-svadbata-pred-25-godini-01.jpg

Викторија и Дејвид Бекам прославуваат 25 години брак, а по тој повод објавија забавна фотографија на Инстаграм во која ги облекоа препознатливите виолетови изданија што ги носеа за време на свадбата во Ирска во 1999-та година.

izgledav-kako-lik-od-glup-i-poglup-bekamovi-vo-istiot-skandalozen-autfit-od-svadbata-pred-25-godini-02.jpg

Освен што Викторија го облече виолетовиот фустан, а Дејвид се појави во виолетовиот костум и чевли, парот на фотосесијата седеше и на истите тронови што беа поставени за време на нивниот прием за гости.

Наместо препознатливите честитки по повод годишнина, тие ставија само краток опис на објавата: „Погледнете што најдовме!“

izgledav-kako-lik-od-glup-i-poglup-bekamovi-vo-istiot-skandalozen-autfit-od-svadbata-pred-25-godini-08.jpg

Инаку, со ова Дејвид уште еднаш покажа дека е подготвен да направи сè за својата сопруга, па дури и да го облече костумот заради кој со години наназад беше предмет на потсмев.

izgledav-kako-lik-od-glup-i-poglup-bekamovi-vo-istiot-skandalozen-autfit-od-svadbata-pred-25-godini-06.jpg

За потсетување, Викторија и Дејвид за време на свадбата беа облечени во бело. Пејачката носеше венчаница од Вера Ванг, а фудбалерот бел костум.

izgledav-kako-lik-od-glup-i-poglup-bekamovi-vo-istiot-skandalozen-autfit-od-svadbata-pred-25-godini-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Децата треба да учат од нив: Викторија и Дејвид и по 25 години брак вљубени на Валентајн „Што да му купиш на мажот што има сѐ“ – се пошегува Викторија до фотката од пода...
Која е девојката што Дејвид Бекам ја откачи заради Викторија – Денес е омажена за негов пријател и с... Кога Дејвид ја видел Викторија веднаш се вљубил и ја „откачил“ девојката со која...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg