Џеј Зи е најбогат - Кои 10 музичари се со најголема заработка во кариерата?

Паф Деди

Шон Лав Комбс, познат како Паф Деди или само како Диди, е мултиталентирана личност - тој е познат креатор на рап-музика, актер, но и претприемач. Има освоено 3 Греми награди и две MTV video музички награди.

Единаесет од неговите песни го достигнаа првото место на музичките топ листи. Комбс остварува значителен приход од Coms Wine and Spirits, но поголем дел од неговото богатство доаѓа од Bad Boy Records.

Неговиот нето-приход се проценува на околу 910 милиони долари.

slavni-muzichari-koi-imaat-najgolemi-zarabotki-vo-svojata-kariera-07.jpg

Тејлор Свифт

Тејлор Свифт во својата кариера има освоено бројни награди, а е и единствената жена изведувач која на Spotify собрала 100 милиони слушатели месечно. Изминатата 2023-та беше најуспешна година во кариерата на Тејлор досега.

Таа продаде 2,4 милиони билети за нејзината турнеја и тоа рекордно брзо, во само еден ден.

Нејзиниот нето-приход се проценува на околу 1,1 милијарди долари.

slavni-muzichari-koi-imaat-najgolemi-zarabotki-vo-svojata-kariera-08.jpg

Пол Макартни

Откако Битлси се разделија, Пол Макартни формираше друг бенд и настапуваше соло, па повторно достигна огромен успех во кариерата.

Макартни има освоено 18 Греми награди. На 81-годишна возраст сè уште прави концерти, а неговата слава не згаснува.

Неговото богатство се проценува на околу 1,2 милијарди долари.

slavni-muzichari-koi-imaat-najgolemi-zarabotki-vo-svojata-kariera-09.jpg

Ријана

„Карипската кралица“ Ријана има освоено девет Греми награди, а продала преку 250 милиони копии од нејзините песни низ целиот свет и повеќе од 10 милиони албуми во САД.

Таа е позната и по хуманитарните активности, бидејќи е основач на непрофитната фондација Clara Lionel Foundation.

Најголем дел од нејзиното богатство доаѓа од нејзината музика, но и од нејзината модна куќа Fenti.

Нето приходот на Ријана се проценува на околу 1,4 милијарда долари.

slavni-muzichari-koi-imaat-najgolemi-zarabotki-vo-svojata-kariera-10.jpg

Џеј Зи

Џон Кори Картер, најпознат како Џеј Зи, е најбогатиот музичар во светот, надминувајќи ги другите за речиси милијарда долари.

Тој стана првиот музичар милијардер во 2019 година, a оттогаш постојано ја одржува својата позиција на најбогат музичар во светот. Покрај тоа, Џеј Зи е неизмерно талентиран бизнисмен кој има основано неколку високопрофитабилни компании.

Неговото богатство се проценува на околу 2,5 милијарда долари.

slavni-muzichari-koi-imaat-najgolemi-zarabotki-vo-svojata-kariera-11.jpg

М. Ѓ. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...
Лудата врска на Џеј Ло и Пи Диди: Ја уапсија заради него, исчезнувал и го барала по хотелски соби Заради него Џеј Ло беше уапсена, но му прости и му беше поддршка, тој ѝ помогна ...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Не дозволува стјуардеси во авионите, го контролира што јаде, па тој се крие со бургери – Како Џеј Ло... Џеј Ло има строги правила за Бен. Тој не смее да претерува со крофните и бургери...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg