Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите?
- Детали
- сабота, 15 јуни 2024
По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар пријател на актерот. Поради Том, тие извесен период ја криеја врската од јавноста.
Веќе сме навикнати на аферите и бурните разводи од светот на славните.
Па, веројатно нема да бидете изненадени кога ќе дознаете дека не така ретко, пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите едни од други.
Односно, многу пријателства завршиле бидејќи и двајцата пријатели биле во врска со истата личност.
Дел од бизарните љубовни триаголници во Холивуд:
Бившиот сопруг на Шанаја Твејн ја изневери со нејзина другарка (и се венча со неа)
Шанаја Твејн и музичкиот продуцент Роберт Ланг се венчаа во 1993 година, а во 2001-ва добија син.
За да избегаат од големото внимание на јавноста, тие се преселија во Швајцарија.
Овде, Шанаја ја запознала Мари-Ен. Жената била вработена како асистентка на Роберт, но многу се зближила со пејачката и набрзо станале најдобри пријателки.
Но, додека Мери-Ен се дружела сo Шанаја, зад грб и спиела со нејзиниот сопруг.
Кога пејачката дознала за аферата, истиот ден поднела барање за развод.
Според Шанаја, за неа најбизарно во целата ситуација било тоа што таа зборувала со Мери-Ен за брачните проблеми и нејзините стравови дека Роберт има афера.
Шест месеци откако се финализира разводот на Шанаја и Роберт, тој се венча со Мери-Ен.
Кејти Холмс беше во врска со Џејми Фокс по разводот од Том Круз
Том Круз и Џејми Фокс беа блиски пријатели, барем пред врската на Фокс со Кејти Холмс.
Том и Кејти се венчаа во 2006 година, а најавија дека ќе се разведуваат во 2012-та.
Само една година подоцна, во јавност почна да се шпекулира дека Кејти е во врска со Џејми Фокс.
Џејми Фокс и Том Круз се запознаа на снимањето на филмот Collateral од 2004 година и оттогаш останале добри пријатели.
Според некои извори, Џејми и Кејти пробувале да ја скријат врската од Том и првпат се појавија како пар дури во 2018 година. Но, веќе следната година се разделија.
Не е познато дали оваа врска го заладила односот помеѓу Том и Џејми, но наводно веќе не се блиски како порано.