Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите?
Кајли Џенер беше во врска со бившиот на Блек Чајна
Драмата со Блејк Чајна и Кајли Џенер е ништо помалку од комплицирана.
Блек Чајна се прослави благодарение на врската со раперот Тајга.
Откако раскинаа, Тајга почна да се гледа со Кајли Џенер.
Блек Чајна, пак, тој период почна бурна врска со братот на Кајли – Роб Кардашијан.
Тие добија и дете, но на крај сепак се разделија.
Бившиот на Хедер Локлир беше во врска со другарка ѝ Денис Ричардс
Хедер Локлир и Дениз Ричардс се запознале на снимањето на серијата Spin City и станале многу добри пријателки.
Тој период, Дениз беше во брак со Чарли Шин, а Хедер со музичарот Ричи Самбора.
Откако Дениз и Чарли Шин се разделија, во јавност се појавија фотки од актерката и Ричи Самбора како се држат за рака.
И, овие фотки значеа крај и за пријателството на актерките, но и за бракот на Хедер и Ричи.
Дениз беше критикувана од јавноста дека го украла сопругот на другарка ѝ, па во интервју проба да ја сподели нејзината верзија:
„Не ми е лесно што луѓето мислат дека сум лоша пријателка. Не ѝ го украдов сопругот.
Дали се гледав со нејзиниот поранешен сопруг? Да. Но, не им го растурив бракот“.
Врската на Дениз и Ричи не траеше долго, а наводно таа уште не го подобрила односот со Хедер.
Ријана беше во врска со Дрејк, кој му е пријател и соработник на Ејсап Роки
Ријана и Дрејк ја почнаа врската во 2016 година, а по раскинувањето останаа во добри односи.
Во 2020-та, Ријана почна да се гледа со Ејсап Роки кој му е соработник, но и мошне добар пријател на Дрејк.
Но, се чини дека оваа врска немала влијание врз нивното пријателство бидејќи следната година тие соработуваа на песна.
Спирова С. | Црнобело