Пред 20 години откажаа свадба, сега разводот е неизбежен – Комплицираната љубовна приказна на Бен Афлек и Џеј Ло
По брзата свршувачка, ја одложија свадбата.
Џеј Ло и Бен Афлек планираа да се венчаат на 14-ти септември 2003 година.
Но, само четири дена пред свадбата, одлучија да ја одложат.
Тогаш парот откри дека кај јавноста постоел преголем интерес за нивната венчавка и се плашеле дека убавиот ден ќе им биде расипан.
Следната година раскинаа.
Според некои извори, откако ја откажа венчавката, Бен и Џеј Ло краток период биле разделен, се смириле, па конечно ставиле крај на врската во јануари 2004-та.
Наводно, главната причина бил притисокот од јавноста.
Не беа во контакт, но се поддржуваа по разделбата.
Од раскинувањето до обновувањето на романсата, Бен Афлек и Џеј Ло повремено кажуваа убави работи еден за друг.
Токму поради ова се појавија и првите шпекулации дека повторно се заедно.
Ја обновија врската во 2021-ва.
И покрај бројните шпекулации, но и заедничките папарацо фотки, на почетокот Бен и Џеј Ло негираа дека се заедно.
Извори блиски до нив, пак, тврдеа дека тие се само пријатели кои уживаат во заедничкото друштво.
Открија дека се пар со Инстаграм објава.
Во јули 2021-ва, Џеј Ло и Бен споделија заедничка фотка на која се бакнуваат.
Со ова, официјално потврдија дека се заедно.
Во април 2022-ра, повторно се свршија и овој пат не ја одложија свадбата.
Парот се венча на 16-ти јули 2022-ра, а во август истата година направија уште една свадбена прослава.
Џеј Ло го промени презимето и самата откри дека иако за настапи ќе го користи Лопез, официјалното презиме ѝ е Афлек.
По скоро две хармонични години исполнети со многу настани, во мај годинава почнаа првите гласини дека се разделуваат.
Кон крајот на месецот фановите забележаа дека тие не се фотографирани заедно веќе 47 дена, по што гласините за развод се разгореа.
За да ги замолчат гласините, тие се појавија заедно на 30-ти мај, но оттогаш бројни извори тврдат дека разводот е неизбежен поради огромните разлики помеѓу нив.
Односно, откако поминала почетната фаза на вљубеност, тие сфатиле дека сепак не се создадени еден за друг.
Спирова С. | Црнобело