Само таа може да ја сфати - Џеј Ло очајно бара помош од Џенифер Гарнер за да си го спаси бракот
Според најновите гласини, токму Џенифер Гарнер е таа што дава сè од себе за да му помогне на поранешниот сопруг да ја преброди кризата во бракот.
Според Daily Mail, иако се знае дека Џеј Ло и Џенифер Гарнер не се блиски и секогаш држеле дистанца една од друга кога се појавувале во јавност, сега се зближени и постојано разговараат затоа што стравуваат дека Бен би можел пак да им се врати на пороците.
Според извори блиски до парот, Џеј Ло постојано разговара со Џенифер затоа што само таа може да ја сфати во каква ситуација се наоѓа.
„Џенифер Гарнер не сака Бен да го уништи бракот и не сака тој да ја повреди Џеј Ло.
Таа го посети за да го разубеди и да го натера да си го спаси бракот.
Џеј Ло смета дека Џенифер е единствената жена што знае како да допре до Бен и да го спречи пак да им се врати на пороците“ – пишува Daily Mail.
Блиските пријатели на Бен сметаат дека тој повторно им се враќа на старите навики.
„Бен е фрустриран затоа што нема начин да побегне од проблемите.
Сите се уплашени дека тој пак ќе почне да пие, па затоа Џенифер Гарнер во моментов го контролира, за да се увери дека тоа нема да се случи“ – велат добро упатените извори.
Наводно, главната причина за кризата во бракот е документарниот филм што Џеј Ло го објави, а се однесува на нивната љубовна врска.
Деталните описи во документарниот филм на Џеј Ло, The Greatest Love Story Never Told, не му се допаднале на Бен, а наводно и актерот не се чувствувал пријатно затоа што таа јавно ги објави и љубовните писма што тој ѝ ги праќал.
„Бен се фокусира на децата и на работата.
Тој се исели и најверојатно ќе ја продадат палатата од соништата која ја бараа две години.
Никогаш нема да престанат да се сакаат, но таа не може да го контролира, а тој не може да ја промени. Јасно беше дека нивниот брак нема да трае“ – велат упатените извори за странските таблоиди.
Инаку, ова не е првпат да кружат гласини за наводна криза во бракот меѓу Џеј Ло и Бен Афлек. Досега во повеќе наврати биле објавувани видеа и фотки во кои се гледа агресивниот однос на Бен, а неговата мизерна импресија на лицето речиси секогаш завршувала како хит меме на социјалните мрежи.
Прочитајте и Секојпат кога на Бен Афлек му е „смачено“ од животот, завршува како хит-меме – Најсмешните папарацо фотки од актерот
Б. С. Б. | Црнобело