Починала сосема сама на 98 години – Фановите се простуваат од легендарната „Супер бабичка“

„Таа беше млада и на 98 години и беше силна во 80-тите затоа што јадеше каша. Ти благодариме за спомените“ – стои во еден од коментарите на Твитер, откако беше соопштена веста за смртта на актерката Гудрун Уре, која ја толкуваше улогата на „Супер бабичка“.

pochinala-sama-vo-svojot-dom-na-98-godini-korisnicite-na-socijalnite-mrezhi-se-prostuvaat-od-legendarnata-super-babichka-01.jpg

На возраст од 98 години, вчера (14.05) почина актерката Гудрун Уре, која беше најпозната по тоа што ја толкуваше улогата на „Супер бабичка“ во истоимената детска серија од 80-тите години.

pochinala-sama-vo-svojot-dom-na-98-godini-korisnicite-na-socijalnite-mrezhi-se-prostuvaat-od-legendarnata-super-babichka-02.jpg

Веста за смртта ја соопшти нејзината внука Кејт Мекнил.

За британските медиуми таа потврди дека последен пат ја видела својата баба во декември, а дека тогаш Гудрун била пресреќна затоа што се најавувало повторно снимање на популарното шоу.

pochinala-sama-vo-svojot-dom-na-98-godini-korisnicite-na-socijalnite-mrezhi-se-prostuvaat-od-legendarnata-super-babichka-09.jpg

Како што рече, Гудрун била горда секојпат кога ќе ја препознаеле по славната улога.

Гудрун беше шкотска актерка, родена во 1926-та, која имаше 40-годишна актерка кариера.

Речиси целиот свој живот го поминала во Лондон, каде била вработена во Театарот за деца и младинци. Освен тоа, играла во повеќе театарски претстави и филмови.

Сепак, најпозната е по улогата на бабичката со супермоќи, а серијата „Супер бабичка“ ја доби интернационалната награда Еми во категоријата филмови за деца и млади во 1985-та година.

Серијата „Супер бабичка“ се емитувала во над 60 земји.

pochinala-sama-vo-svojot-dom-na-98-godini-korisnicite-na-socijalnite-mrezhi-se-prostuvaat-od-legendarnata-super-babichka-05.jpg

Гудрун повеќе од 40 години беше во брак со сопругот Џон Ремзи и живееше заедно со него и посвоениот син Гордон.

Таа починала сама во својот дом во Лондон.

pochinala-sama-vo-svojot-dom-na-98-godini-korisnicite-na-socijalnite-mrezhi-se-prostuvaat-od-legendarnata-super-babichka-03.jpg

Веста за нејзината смрт брзо се прошири на социјалните мрежи, каде твитерџиите масовно се простуваат од жената, која ги навраќа на некои од најубавите спомени од детството.

Во продолжение дел од твитовите:

„Таа беше млада и на 98 години и беше силна во 80-тите затоа што јадеше каша. Ти благодариме за спомените“

„Таа имаше огромна улога во моето гледање телевизија како дете. Успеа да доживее супер возраст од 98 години“

„Актерката што сакав да ја гледам како дете почина на 98 години. На фотографијата сум во градинка маскирана како Супер бабичка“

„Почивај во мир Гудрун Уре“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Холивудски актери кои биле без „скршен денар“ кога ја добиле улогата што ги прослави Шарлиз Терон безуспешно пробувала да кешира чек од ангажман како модел, кога ја ...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg