Абортирала кога била многу млада, била сексуално малтретирана од колега – Мрачни тајни од животот на Ума Турман
- Детали
- четврток, 02 мај 2024
„Болеше ужасно, но не се жалев. Толку многу се срамев од себе, што чувствував дека ја заслужувам болката“. Со овие зборови Ума Турман опиша како се чувствувала кога морала да абортира во младоста затоа што непланирано останала бремена. Кои се нејзините најголеми тајни?
Ума Турман (44) е позната по улогите во Kill Bill и Pulp Fiction, а долго време криеше мрачни тајни од сопствениот живот за коишто не сакаше да зборува.
Таа е родена на 29-ти април, 1970-та година во Бостон, САД, во семејството на тибетански-будистички професор и мајка модел.
Како мала била интроверт и често била жртва на потсмев заради висината, видливата структура на коските на лицето, големите стапала.
Па, се верува дека уште како мала страдала од телесна дисморфија, заради што во тинејџерските денови направила корекција на носот.
Таа започнала да работи како модел, а во 1985-та година се нашла и на насловната страница на британското издание на Vogue.
Патот кон светската слава ќе ѝ биде отворен благодарение на улогата на Миа во филмот „Pulp Fiction“ на Квентин Тарантино, кој подоцна за неа ќе ја напише и улогата во Kill Bill.
Но, иако на професионален план имала голем број успеси, тоа не може да се каже и за нејзиниот приватен живот.
Ума зад себе има два пропаднати брака и една свршувачка. Со колегата Гери Олдман, потоа со Итан Хок, со кого доби две деца и кој ја изневери со дадилката, по што се разведоа.
Третата врска ѝ беше со милијардерот Арпад Бусон со кого ја доби ќерката Луна, но мораше да помине низ тешка битка за старателство.
Малкумина знаат дека нејзината ќерка Луна има дури 6 имиња: Розалинда, Аруша, Аркадина, Алталуна, Флоренс, а Луна ѝ е само прекар.
Наводно, Ума знаела дека веќе нема да има деца па сакала на последната ќерка да ѝ ги даде сите имиња што ѝ се допаѓаат.
Во 2021-ва година Ума за првпат јавно говореше за најголемата мрачна тајна што со години ја криела од јавноста и за која никој не знаел.
Таа во отворено писмо до Washington Post призна дека како тинејџерка имала абортус, откако забременила од многу повозрасен маж додека живеела во Европа.