Абортирала кога била многу млада, била сексуално малтретирана од колега – Мрачни тајни од животот на Ума Турман
Ума раскажа како прво размислувала да го задржи бебето, но со помош на родителите сфатила дека во тој момент тоа не бил најдобар избор за неа ниту за бебето.
„Само што ја започнував кариерата и немав средства за да обезбедам стабилен дом, дури ни за себе. Како семејство одлучивме дека не можам да ја продолжам бременоста и сфативме дека абортусот е вистински избор. Сепак срцето ми беше скршено“ – пишува Ума.
Таа откри дека за времето на процедурата во Германија била придружувана од повозрасна пријателка, која ја однела на лекар.
„Болеше ужасно, но не се жалев. Толку многу се срамев од себе, што чувствував дека ја заслужувам болката“ – раскажа таа и додаде дека денес е благодарна што имала услови за безбеден абортус и дека тоа ѝ помогнало да стане таква мајка каква што е денес.
Уште една тајна за која Ума долго молчеше е сексуалниот напад што го претрпела од осудениот американски филмски продуцент Харви Вајнштајн.
Таа раскажа дека тој се обидел да ја силува во 90-тите години во хотел во Лондон.
„Тоа беше вистинско поигрување со мојата глава. Ме турна долу, се обиде да се нафрли врз мене. Се обиде да се соблече.
Направи голем број непријатни работи, но не се трудеше да ме присили.
Се чувствував како животно што се бори да се ослободи, како гуштер. Правев сè за да ги вратам работите под контрола. Да ја преземам контролата“ – раскажа Ума.
Таа подоцна рече дека се чувствувала ужасно затоа што Вајнштајн работел како продуцент на Kill Bill, а режисерот кој што ѝ помогна да ја изгради кариерата, не ѝ помогнал во клучните мигови.
Така за време на снимањето Ума имала страшна сообраќајна несреќа кога со автомобил удрила во дрво. Таа вели дека се обидела да го наговори Квентин да ја препушти сцената на каскадер, но тој не прифатил.
По оваа таа повторно морала да го трпи гневот на Вајнштајн, колегата кој сексуално ја вознемирувал претходно.
Б. С. Б. | Црнобело