Од 7 години носи хиџаб, живеела во бегалски камп: Која е Равда Мохамед, уредничката на Vogue?
Иако ја малтретирале, не се откажувала од своите цели.
Во 2021 година почнала кампања на социјалните мрежи со хаштаг #handsoffmihijab (Не го допирај мојот хиџаб), кој за кратко станал вирален.
Ова било поттикнато од најавата на француската влада да им забрани на малолетните девојки да носат хиџаб.
„Никој никогаш не ме прашал дали сакам да носам хиџаб, сите претпоставуваат дека сум присилена на тоа. Сите зборуваат во мое име, а мене со години ме замолчуваат. Се чувствувам како да врескам на глуви“, рекла таа.
Иако носи хиџаб, таа е многу либерална и им дава поддршка на муслиманите транвестити, кои не се прифатени во своите заедници.
Во 2016 година Равда почнала на Инстаграм да објавува фотки од своите модни комбинации и за кратко време добила 100.000 следбеници.
Почнала да работи како модел и на почетокот работела на арапскиот пазар, но кога ја забележале светските модни брендови, таа почнала да се појавува на модните недели во Париз, Њујорк и Осло.
Првата насловна страница ја добила во 2019 година, за Costume Norge, а потоа се појавила и во американското издание на Vogue.
Во 2020 ѝ го понудиле местото уредник на скандинавското издание на Vogue, кое Равда го прифатила и на оваа позиција е официјално од мај 2021.
Со тоа, таа стана првата уредничка на некое модно списание што носи хиџаб.
Денес важи за една од најдобро облечените жени во светот, а нејзините модни комбинации предизвикуваат огромно внимание.
Сепак, нејзиното име се врзува и со скандал, откако во септември 2022 откри дека ја слави смртта на кралицата Елизабета, само неколку дена откако таа почина.
Ова предизвика многу негативни реакции низ Европа, а Равда повторно се соочи со расистички напади.