„Се расплакав кога си го видов телото по двојната мастектомија“: Холивудска актерка искренa за битката со рак на дојка
Актерката вели дека е благодарна што барем имала шанса да се бори против ракот.
„Сега ми е многу подобро, но секако не е исто како порано, ама тоа е во ред. Бидејќи уште сuм тука и сум пресреќна што имав можност да се борам.
Ми беше дадена таа шанса, а знам многу луѓе во мојата ситуација кои ја немаат таа можност. Па, навистина сум благодарна“.
Актерката има едно дете со нејзиниот дечко, комичарот Џон Мулани, а вели дека кога ја добила дијагнозата, најмногу се плашела за син ѝ.
Оливија била дијагностицирана кога син ѝ имал помалку од една година.
А, три месеци пред дијагнозата, актерката направила мамографија која не покажала никакви аномалии.
Но, бидејќи во некои случаи мамографијата не била доволна да детектира рак, нејзиниот лекар предложил и други тестови, за секој случај.
Со овие тестирања се открило дека актерката има агресивен рак во двете дојки.
„Кога дознав дека имам рак во двете дојки, не бев многу исплашена бидејќи не сум личност која е опседната со смртта. Но, тоа што имав мало бебе ја направи целата ситуација многу пострашна.
На ракот не му е грижа кои сте, дали имате бебе или дали имате време. Доаѓа и не ви останува ништо освен да се соочите со него“.
Сепак актерката истакнува дека грижата за синчето ѝ помогнала да си ги оттргне мислите од болеста.
„Кога сум со него, тоа е единствениот период кога не мислам дека сум болна. Едноставно, само сум среќна со него.
А, и мајчинството ми ја менува перспективата за многу нешта. Бидејќи, дури и ако ми се промени телото, јас уште ќе му бидам мајка. Ако ми падне косата, уште ќе му бидам мајка.
Тоа ми е најважно – да бидам овде за него“.
Во интервјуто, Оливија истакнува и дека добивала огромна помош од дечко ѝ Џон.
„Битката со ракот ќе беше како да се качувам по санта мраз ако го немав Џон.
Мислам дека немаше ни миг за себе – го носеше син ни во парк, го заспиваше, ми правеше друштво во болницата, па се враќаше дома, го заспиваше Малком, пак се враќаше во болница кај мене…
И, беше среќен додека го правеше сето ова“.
Иако помина скоро една година од двојната мастектомија, Оливија не кажуваше за ракот сè до март годинава.
Таа вели дека ова ѝ помогнало полесно да се справи со ракот и со стресниот период, без вниманието од јавноста.
Спирова С. | Црнобело