Пропаста на ѕвездата од Baywatch, Јасмин Блит: Ја избркаа од серијата бидејќи била под наркотици постојано
Зависноста ѝ создала и проблеми со здравјето
Иако нејзиниот проблем со зависноста станувал сериозен, Јасмин вели дека не само што јавноста не знаела за тоа, туку ни нејзините најблиски не биле свесни.
Но, саканите почнале да сфаќаат откако здравјето на Јасмин почнало да се влошува, но и откако драстично ослабела.
„Имав инфекција што целосно ми ја зафати внатрешноста на носот, ме болеше и ми беше крвав. Кога го дував носот, ми излегуваа парчиња кожа“, има изјавено таа.
Нејзиниот лекар ѝ нагласил дека инфекцијата е толку сериозна, што лесно може да стигне до мозокот и да ја убие доколку не ја третира и не се откаже од дрогата.
Краток период, ова ѝ било поттик да престане, но Јасмин му се вратила на порокот по само шест недели.
Татко ѝ ја натерал да сфати во колку лоша состојба е
Јасмин има изјавено дека во периодот кога проблемот со зависноста ѝ бил најизразен, нејзиниот татко ѝ бил најголема поддршка, но и тој ја натерал да сфати дека се уништува.
„Тогаш бевме поблиски од кога било бидејќи кога јас пробував да се оддалечам од него, тој со сила доаѓаше кај мене. Морам да кажам дека сум среќна што го имам.
Еднаш, само ме погледна и почна да плаче. Ми рече дека од личноста којашто сум била, останала само празна школка“.
Ова се случило во 2001 година, кога татко ѝ ја земал од аеродром бидејќи била под дејство на дрога.
„Кога му го видов изразот на лицето, знаев дека му го скршив срцето. И, тогаш првпат се соочив со тоа како им влијаам на луѓето околу мене“.
Беше и зависна од купување
Додека се борела со зависноста од кокаин, Јасмин развила и друга зависност – онлајн шопинг.
Вели дека трошела по илјадници долари наеднаш за работи кои воопшто не ѝ требаат.
„Често купував онлајн. Смешно е бидејќи купував скапа облека, а воопшто не излегував од дома за да ја носам.
Покрај парите за дрога, трошев од 5.000 до 10.000 долари во една вечер на облека. Бев опседната. Од купувањето чувствував задоволство, исто како дрогата…“
Денес се држи настрана од јавноста
Малку се знае за животот на Јасмин денес, но наводно се труди да се држи понастрана од нејзиниот порок.
Според некои извори, паметно ги инвестирала парите што ги заработила како актерка, па сега има удобен живот.
Одвреме-навреме се појавуваат папарацо фотки од неа на кои е речиси непрепознатлива.
Има 55 години и веќе не изгледа како супермодел, како во култната серија.
Спирова С. | Црнобело