Која е приказната зад Џолин, девојката за која Бијонсе пее во преработката од Доли Партон?
- Детали
- вторник, 09 април 2024
Доли Партон ја молеше Џолин да не ѝ го зема сопругот, а Бијонсе во преработката ја предупреди да се држи подалеку и уште еднаш се осврна на неверството на Џеј Зи. Знаете ли која била Џолин во реалноста и како настанала мегапопуларната песна?
Бијонсе направи преработка на мегапопуларната песна на Доли Партон од 1974-та година, Jolene и таа е вистински хит. Се врти на сите радио станици, а во неа се пронајдоа голем број жени и девојки.
Разликата меѓу оригиналот и преработката е воочлива уште од самиот почеток - ако Доли ја молеше Џолин да не ѝ го зема сопругот, Бијонсе ја предупредува да се држи подалеку...
Со други зборови, песната е усогласена на модерниот начин на живот, a според многумина, пејачката со неа се осврна на неверството на нејзиниот сопруг и сега е песна за „жената која се осмелува да го разори семејството на среќниот маж“.
Бијонсе неколкупати во последните 10-тина години се најде среде скандал додека имаше пишувања за неверствата на нејзиниот сопруг, а еден модел излезе и јавно тврдеше дека раперот и продуцент ѝ понудил да му биде „девојка за низ град“.
Па затоа, многумина ја протолкуваа преработката на Бијонсе како нејзин одговор за големиот број гласини за неверства, но и на девојките што се осмелуваат да ѝ го разорат семејството.
Но, која е приказната зад оригиналната песна од Доли Партон и постоела ли навистина Џолин?
Доли Партон ја раскажа приказната во една пригода и рече дека оваа нејзина песна е напишана според вистински настани од нејзиниот живот.
Наводно имало некоја згодна црвенокоса жена која работела во банка и била лудо вљубена во сопругот на Доли, Карл Томас Дин, со кого пејачката е во врска од 18 години.
„Таа беше лудо вљубена во мојот сопруг. И тој обожаваше да оди во банката затоа што таа му обрнуваше премногу внимание. Се шегувавме често дома и јас му велев:
‘Еј постојано одиш во банка, мислам дека немаме толку многу пари’“ – раскажа Доли во една пригода.
Иако јавно се смее за целата ситуација, јасно е дека Џолин во тоа време била повредена од ситуацијата, па заради тоа и ја напишала песната која остана химна на голем број генерации жени.
„Таа имаше сѐ што јас немав – долги нозе... Беше висока околу 18cm. И поседуваше сѐ, што некој како мене, низок и краток не може да го има. Без разлика колку и да сте убави, секогаш ќе се чувствувате како да постои опасност од други жени, точка“ – рече Доли.
Таа не го откри вистинското име на девојката од банката, но тоа секако не е Џолин.
Инспирацијата за името ја добила од мало црвенокосо девојче со зелени очи кое дошло да ѝ побара автограм по настап. Кога Доли ја прашала како се вика, девојчето срамежливо рекло: Џолин.
„Џолин, Џолин, Џолин, Џолин... Тоа е убаво име. Звучи како песна, ќе напишам песна за него“ – раскажа Доли.
Слушнете ја оригиналната верзија на Доли Партон:
Б. С. Б. | Црнобело