Долго време живееше како номад, купува само практични автомобили – Како Рики Мартин ги троши милионите?
- Детали
- недела, 24 март 2024
Купува и препродава имоти за заработка, има свој приватен остров и авион, но не се опседнува со луксузни автомобили – Како Рики Мартин ги троши милионите заработени од неговата 40-годишна кариера?
Рики Мартин гордо ја носи титулата „крал на латино поп музиката“, а благодарение на неговата плодна кариера, се проценува дека денес има богатство од околу 130 милиони долари.
Неговата кариера започнала од 1984-та година, а до денес големиот број хитови, настапи и албуми му донеле само повеќе нули на сметката.
Како голем број познати ѕвезди, тој е познат по тоа што ги инвестира своите пари, но и може да живее удобен живот на висока нога.
Тој има 4 деца - синови близнаци што ги доби од сурогат мајка и две деца што ги доби од бракот со Џуан Џозеф.
Како ги троши милионите Рики Мартин?
Пред да стапи во брак со својот сопруг Џуан Џозеф, Рики живееше номадски начин на живот и често се селеше од град во град.
Така, прво имаше палата во Беверли Хилс која ја продаде во 2006-та година за 15 милиони долари, потоа купи стан во Њујорк за 6 милиони долари, а го продаде за 8,4 милиони и уште еден стан во Њујорк кој го продаде за 7,55 милиони долари.
Исто така, имаше и палата во Мајами која ја купи за 10 милиони долари, а ја продаде за 16,9 милиони.