„Го загубив сопругот, но си ги зачував дијамантите“ - Емили Ратајковски си направи прстени за развод

Наместо симбол на вечна љубов, сега прстените ќе значат дека таа засекогаш се разделила од сопругот. Емили Ратајковски најде начин како да ги „рециклира“ дијамантите од стариот свршенички прстен.

prsteni-za-razvod-emili-ratajkovski-go-podeli-svrshenichkiot-prsten-na-dva-dela-01.jpg

Моделот и модна дизајнерка Емили Ратајковски започнува нов тренд, а тоа е креирање на прстени за развод од свршеничкиот прстен што го добила од поранешниот сопруг.

prsteni-za-razvod-emili-ratajkovski-go-podeli-svrshenichkiot-prsten-na-dva-dela-02.jpg

Таа се разведе од сопругот Себастијан Беар Меклард во 2022-ра година, а повремено го носеше свршеничкиот прстен за време на снимањето на одредени кампањи.

prsteni-za-razvod-emili-ratajkovski-go-podeli-svrshenichkiot-prsten-na-dva-dela-03.jpg

Се проценува дека прстенот кој се состоеше од два дијаманти на жолто злато чинел околу 50.000 долари, а сега таа покажа дека дошла до идеја како да ги задржи скапоцените камења, но да им го промени значењето.

prsteni-za-razvod-emili-ratajkovski-go-podeli-svrshenichkiot-prsten-na-dva-dela-04.jpg

Наместо симбол на вечна љубов, сега прстените ќе значат дека таа засекогаш се разделила од сопругот, за кого имаше гласини дека ја изневерувал и дека тоа била главната причина за развод.

Емрата на фотографиите објавени на Инстаграм покажа дека двата дијаманти сега ги носи на два различни прста.

„Прстените ја прикажуваат мојата лична еволуција. Не верувам дека жената треба да ги загуби дијамантите затоа што го загубила мажот“ – рече Емили во ексклузивно интервју за Vogue.

prsteni-za-razvod-emili-ratajkovski-go-podeli-svrshenichkiot-prsten-na-dva-dela-05.jpg

Дизајнерите што ги креирале прстените во истата статија нагласуваат дека од дијамантот во форма на круша направиле прстен наменет за малиот прст, додека од другиот дијамант направиле уште еден прстен, но додале уште два трапезоидни дијаманти за прстенот да изгледа поголемо.

„Веќе не ми се допаѓаше оригиналниот дизајн на прстенот затоа што досега го копираа многупати. Сега ги сакам прстените толку многу што не ги вадам ниту за спиење“ – вели Емили Ратајковски.

prsteni-za-razvod-emili-ratajkovski-go-podeli-svrshenichkiot-prsten-na-dva-dela-06.jpg

Таа потенцира дека идејата за прстени за развод ја добила додека читала еден есеј на Стефани Данлер, насловен The Unravelers, каде се зборува за прстенот на бабата на авторката, кој бил изработен од различни камења од нејзините бракови.

„Ми се допаѓаше идејата прстенот да ги прикажува големиот број животи што една жена ги проживеала“ – изјави Емили.

Погледнете уште неколку фотки од прстените за развод на Емили:

prsteni-za-razvod-emili-ratajkovski-go-podeli-svrshenichkiot-prsten-na-dva-dela-07_copy.jpg

prsteni-za-razvod-emili-ratajkovski-go-podeli-svrshenichkiot-prsten-na-dva-dela-09_copy.jpg

prsteni-za-razvod-emili-ratajkovski-go-podeli-svrshenichkiot-prsten-na-dva-dela-08_copy.jpg

prsteni-za-razvod-emili-ratajkovski-go-podeli-svrshenichkiot-prsten-na-dva-dela-10_copy.jpg

Прочитајте и Елена Стефановска со 5 дијаманти, Меган Фокс прстен со бизарен детаљ: Најуникатните свршенички прстени

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
5 години е сингл, а се појави на настан со огромен дијамантски прстен – Дали Џенифер Анистон се сврш... „Никогаш не велам никогаш, но засега не сум заинтересирана за брак“ – изјави пре...
Прстенот со кој Бен се заколна на вечна љубов заминува во колекцијата на Џеј Ло – колку милиони „теж... Најскапиот прстен што некогаш го добила е од Марк Ентони, а на последниот прстен...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg