Најзгодниот пар доби дете: Дејвид Гета сподели фотка со синчето и 24 години помладата девојка
- Детали
- понеделник, 18 март 2024
Кон крајот на минатата година, среде шпекулациите дека се разделиле, Дејвид Гета (56) и Џесика Ледон (32) открија дека очекуваат дете, а сега споделија и прва фотка од новороденото синче.
Дејвид Гета и неговата 24 години помлада девојка – Џесика Ледон – го добија првото дете.
Познатиот диџеј и Џесика ги споделија убавите вести со Инстаграм објава, а открија и кое име го избрале за синчето.
На фотката, синчето лежи на градите на Џесика, додека диџејот ја прегрнува.
„Љубовта е во воздухот. Добредојде Сијан“, стои во описот.
Засега не е познато кога точно се породила Џесика.
Дејвид Гета има уште две деца од поранешната сопруга, додека синчето Сијан е првото дете на Џесика.
Диџејот со двете деца од поранешната сопруга
Во коментари, парот доби честитки од бројни познати личности, како диџејот Тиесто и ќерката на Доналд Трамп – Иванка.
Дејвид и Џесика открија дека очекуваат дете во ноември, на доделувањето на латинските Греми награди во Шпанија. И тоа, во период кога се јавија гласини дека можеби раскинале.
Дејвид и Џесика ја почнаа врската во 2015-та, а наводно уште на почетокот од врската, диџејот ѝ дал „прстен со кој се заколнува на вечна љубов“, наместо класично да ја запроси, бидејќи не верувал во брак.
За потсетување, диџејот беше во брак цели 22 години, пред да се раздели од поранешната сопруга.
Дејвид Гета со поранешната сопруга