Домот на Кара Делевињ уништен од пожар: „Животот може да се промени за миг, ценете го тоа што го имате“
- Детали
- сабота, 16 март 2024
„Денес срцето ми е скршено. Не ми се верува“, изјави Кара Делевињ по пожарот кој ѝ ја уништи куќата во Лос Анџелес. Манекенката е во Лондон и е на безбедно, а откри дека пожарникарите ги спасиле и нејзините мачки.
Куќата на Кара Делевињ е скоро целосно уништена, откако во петокот (15.03) избувнал пожар.
Раскошната куќа, која се наоѓа во Лос Анџелес, се проценува на 7 милиони долари, а поголемиот дел е потполно изгорен.
Манекенката не била дома кога избувнал пожарот и е безбедна, а во Инстаграм објава, која сега е избришана, откри дека пожарникарите успеале да ги спасат нејзините мачки.
„Денес срцето ми е скршено. Не ми се верува. Животот може да ви се промени додека да трепнете. Па, ценете го она што го имате“, пишуваше во објавата.
Според Daily Mail, пожарникарите дошле пред куќата околу 4 часот наутро. Вкупно 94 пожарникари го гаснеле огнот, во период од скоро два часа, а засега не е познато која е причината за пожарот.
Истовремено, најмалку еден пожарникар бил повреден, но не бил во критична состојба.
Според фотките споделени на Daily Mail, се гледа дека покривот е потполно уништен.
Кара, која моментално е во Лондон, ја купи куќата во 2019 година за седум милиони долари.
Кратко пред пожарот, Кара беше фотографирана во Лондон, без грам шминка и, за разлика од ланските фотки, сега изгледа многу подобро.
Манекенката самата се пријави на рехабилитација, откако во јавност се појавија папарацо фотки на кои изгледа ужасно, најверојатно додека е под дејство на дрога.
Оттогаш се ослободи од пороците и си го среди животот.
Погледнете и: „Првпат се опив на 7 години, лошите фотки ме натераа да одам на рехабилитација“ – Кара Делевињ се отвори за проблемите со зависноста
Спирова С. | Црнобело