Ева Лонгорија зрачи сексапил на 48 години – призна дека едвај дише во кристалниот фустан по Оскарите
- Детали
- вторник, 12 март 2024
Бујно деколте, тело со фигура на песочен часовник и покриено со кристали – Ева Лонгорија е неодолива на забавата по Оскарите. Ниту чипсот кој го јаде пред настанот не ја спречи да заблеска во топ-форма.
Ева Лонгорија е дефинитивно во најдобра форма досега и на нејзините 48 години со изгледот не остава никого рамнодушен.
На Оскарите таа се појави во елегантен и примерен црн фустан, но на Vanity Fair забавата по доделувањето, таа зрачи со сексапил.
Облечена е во металик, златен фустан со длабоко деколте, украсен со реси, кристали и синџирчиња, со потпис на Tamara Ralph.
Во објавата на Инстаграм напиша: „На кого му треба да дише?“, укажувајќи на тоа дека едвај дише во тесниот фустан, за да ја прикаже нејзината фигура на песочен часовник.
Кликнете на видеото:
Претходно на ТикТок, згодната актерка и режисерка, објави видео во кое се подготвува за Оскарите и јаде чипс со кромид, па се шегува дека нема да може да отвори уста заради лош здив на настанот.
Сепак, ништо не ја спречи да измами воздишки со својот изглед:
М. М. | Црнобело