Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа)

Сигурно се сеќавате на потресните фотографии од Ријана на кои пејачката е со модринки и крв на лицето, по нападот на тогашниот дечко Крис Браун. За жал, Ријана не е единствената жена која била жртва на семејно насилство...

poznati-zheni-koi-bile-zhrtvi-na-semejno-nasilstvo-01.jpg

За жал, домашното насилство е мошне честа појава, а најголемиот број жртви се жени. А, дури ни славните и моќни жени не се имуни или заштитени од овој вид насилство.

Многу од нив се нашле во врска со насилен партнер, а повеќето одлучиле и да зборуваат за овој трауматичен период од нивните животи со цел да ја зголемат свесноста за проблемот.

Познати жени кои биле жртви на домашно насилство:

Ријана

Веројатно се сеќавате на потресните фотографии од 2009 година на кои се гледа пејачката со модринки и крв на лицето.

Ријана беше нападната од нејзиниот тогашен дечко, Крис Браун, кој ја удрил во неговиот автомобил, па ја оставил на улица.

Во 2015-та, во интервју за Vanity Fair, пејачката се присети на потресниот настан и истакна колку е важно да се зборува на оваа тема.

„Многу жени, многу млади девојки, уште минуваат низ семејно насилство. Исто така, и многу млади момчиња.

Ова не е тема која треба да ја криеме, па не можам да се однесувам како да не се случило ништо или како да не сум го сфатила проблемот сериозно.

Но за мене, и секој кој бил жртва на домашно насилство, ова е нешто што не сакаме да го помниме.

Никој не сака ни да признае дека би жртва“, изјави пејачката, додавајќи дека за секоја жртва е вистинско измачување да се присетува на таков настан.

poznati-zheni-koi-bile-zhrtvi-na-semejno-nasilstvo-02.jpg

Рис Витерспун

Во интервју со Опра Винфри, актерката откри дека имала насилен дечко во младоста.

Таа не го откри идентитетот на дечкото, но изјави дека најтешкото во целата ситуација ѝ било да си замине.

Со ова, Рис се обиде да појасни колку всушност им е тешко на жртвите да се извлечат од насилна врска, најчесто поради стравот дека насилникот ќе ги најде, па дури и дека ќе повреди некој од нивните сакани.

Рис изјави дека собрала храброст кога насилникот ги преминал сите граници.

„Знаев дека ќе биде многу тешко, но не може да дозволам насилството да продолжи.

Тогаш бев различна личност. Тоа искуство ме промени – ме натера да се борам за себе“.

poznati-zheni-koi-bile-zhrtvi-na-semejno-nasilstvo-03.jpg

Шарлиз Терон

Шарлиз Терон е активистка која гласно ја искажува поддршката за жртвите на семено насилство, а има отворено и два центра за жртви на силување.

Шерон сведочела на семејно насилство „од права рака“ – нејзиниот тато бил алкохоличар кој редовно ја напаѓал мајка ѝ, и тоа пред очите на актерката која тогаш била дете.

Кога Шарлиз имала 15 години, ситуацијата ескалирала до тој степен, што мајка ѝ го застрелала татко ѝ и го убила, само за да се одбрани.

poznati-zheni-koi-bile-zhrtvi-na-semejno-nasilstvo-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg