Стомачни мускули и заводлива насмевка на 50 години: Касандра изгледа совршено по битката со ракот
- Детали
- четврток, 22 февруари 2024
„Многу млади девојки не ти се рамни“, „Боже Господе, каква си згодна“, се дел од коментарите што ги доби колумбиската актерка Кораима Торес на видеото на Инстаграм, на кое ги покажа стомачните мускули.
Кораима Торес, актерката која во 1990-те години се прослави со улогата на Касандра во познатата теленовела, на 6 јуни 2023 наполни 50 години.
И покрај тоа што е веќе во шестата деценија од животот, а го победи и ракот на дојка, таа изгледа совршено.
Тораима често вели дека по битката со страшната болест, ужива во секој момент од животот.
Се храни здраво, вежба и редовно оди на прегледи, за да се осигури дека болеста не се вратила.
А дека не сака да изгуби ни еден момент од она што ѝ го дава животот, популарната Касандра често го покажува и во своите видеа на Инстаграм.
Па, така, на една од последните објави, актерката од Колумбија покажа дека и покрај тоа што има 50 години, изгледа совршено, со стомачни мускули и извајани нозе.
Таа објави видео во долна облека и собра многу комплименти од фановите.
„Прекрасна си“,
„Изгледаш двојно помладо од годините“,
„Многу млади девојки не ти се рамни“,
„Боже Господе, каква си згодна“, се дел од коментарите.
За потсетување, актерката која беше меѓу омилените пред 30 години, се избори со рак на дојката.
Сега Кораима постојано ги поттикнува жените да одат на редовни прегледи и да не поминуваат низ истата агонија низ која поминала и таа.
Погледнете го видеото:
Прочитајте и Кораима Торес секси и на 50 години – Како изгледа Касандра 3 децении по прикажувањето на серијата?
А. Ј. | Црнобело