Агилера: Си го сакам своето тело
- Детали
- вторник, 10 јануари 2012
Кристина Агилера се реши да застане во одбрана на сите жени кои имаат проблем со самодовербата заради прекумерната тежина. „Морате да бидете силни...
...моќни и сигурни во себе“ – изјавила пејачката на прес конференцијата по повод новата сезона на музичката програма Voice. Русокосата дива која изминативе месеци се бори со вишокот килограми, вели дека на жените им е тешко во шоу бизнисот: „Жените се под микроскоп и постојано трпат критики. Додека јас сум среќна во својата кожа, тоа ми е единствена потврда која ми е потребна!“
Сепак, Кристина вели дека и е важно што велат луѓето кои ја сакаат: „Имам дечко кој го обожава моето тело. Јас го сакам своето тело. Син ми е жив и здрав и мислам дека тоа се единствените работи кои се важни.“
Агилера наскоро ќе издаде нов сингл после повеќегодишна пауза со провокативен наслов „Fuck your body“.