Од луксузни тоалети, до чудни наметки врз долна облека – Најдобро и најлошо облечените на Еми награди 2024

Селена Гомез и Суки Вотерхаус беа меѓу најдобро облечените, а неколку дами успеаја да го привлечат вниманието и со своите ужасни комбинации на црвениот тепих. Кои беа најдобро, а кои најлошо облечените ѕвезди на Еми награди 2024?

od-luksuzni-toaleti-do-chudni-nametki-vrz-dolna-obleka-najdobro-i-najlosho-oblechenite-na-emi-nagradi-2024-01.jpg

Иако веќе влеговме во 2024-та година, светски познатите ѕвезди синоќа (15.01) парадираа на црвениот тепих за да си ги земат Еми наградите за 2023-та година.

Заради штрајкот на актерите, манифестацијата што требаше да се одржи во септември минатата година беше одложена неколку месеци, а годинава доделувањето на Еми наградите падна во сенка на Златните Глобуси и Critics‘ Choice Awards, но тоа не ги спречи познатите на црвениот тепих да прошетаат во своите најдобри (и најлоши) модни изданија досега.

Селена Гомез беше меѓу најдобро облечените со нејзиниот „гол“ фустан изработен со голем број детали во боја на вино.

od-luksuzni-toaleti-do-chudni-nametki-vrz-dolna-obleka-najdobro-i-najlosho-oblechenite-na-emi-nagradi-2024-02.jpg.jpg

Бремената девојка на Роберт Патинсон, Суки Вотерхаус, го покажа трудничкиот стомак во црвена тоалета со гол грб, а Џесика Честејн изгледаше одлично во зелен фустан, надополнет со сребрени нишки во здолништето.

od-luksuzni-toaleti-do-chudni-nametki-vrz-dolna-obleka-najdobro-i-najlosho-oblechenite-na-emi-nagradi-2024-03.jpg.jpg

Клер Дејнс се појави во розова Барби тоалета, додека пак Кортни Кардашијан и Тревис Баркер беа модно усогласени во црни костуми на нивното прво појавување на црвениот тепих откако го добија синот Роки 13.

Меѓу оние што направија модни промашувања беше инфлуенсерката Ема Брукс која на себе носеше фустан со оптичка илузија, заради кој изгледаше како да е целосно гола на црвениот тепих.

od-luksuzni-toaleti-do-chudni-nametki-vrz-dolna-obleka-najdobro-i-najlosho-oblechenite-na-emi-nagradi-2024-05.jpg.jpg

Лошата комбинација од кристали и цветен дезен на фустанот на Али Вонг едноставно не можеше, а да не се вброи меѓу најлошите, а имаше уште неколку познати дами, кои дефинитивно ги оставија сите со подзината уста заради лошите модни комбинации.

od-luksuzni-toaleti-do-chudni-nametki-vrz-dolna-obleka-najdobro-i-najlosho-oblechenite-na-emi-nagradi-2024-04.jpg.jpg

Во продолжение погледнете дел од најдобро и најлошо облечените ѕвезди на Еми награди 2024:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 ѕвезди за кои (најверојатно) не знаете дека се роднини Некои ѕвезди не само што ги врзува работата, туку и роднинските врски. Дали сте ...
Селена Гомез стана мета на критики затоа што си го „крие“ стомакот на настан - таа искрено им одгово... Селена Гомез искрено откри со каков здравствен проблем се соочува и изјави: „Не ...
Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Одат заедно на одмори и спијат во ист кревет – Како Бруклин Бекам се најде во брак во тројка? Селена Гомез на шега вели дека и нејзиното име треба да биде вметнато во венчани...
„Не сум совршена, но горда сум со себе“ – Селена Гомез искрена за промените на нејзиното тело, им од... „Нереално е да очекувате телото на нормалната жена да не се промени... Сфатив де...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg