Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година
Нејзин втор сопруг бил британскиот текстописец Ентони Њули.
Со него добила две деца, ќерката Тара и синот Александар.
Во 1971 година, Колинс се омажила со бизнисменот Рон Кас и ја родила ќерката Катјана. Бракот траел до 1983 година.
Две години подоцна, во 1985-та, Џоан повторно се омажила, овој пат со 14 години помладиот шведски музичар Петер Холм.
Бракот траел само две години, до 1987-ма, а Колинс тврди дека го оставила бидејќи постојано ѝ барал пари.
По сите бродоломи и љубовни скандали, таа ја пронајде среќата со Перси Гибсон. За него вели дека е најдобриот љубовник што го имала во животот.
„Не се споредува со никој друг. Навистина сум среќна што е така“, изјави Колинс.