Ѕвездите на Сексот и градот во младоста
- Детали
- вторник, 20 декември 2011
Една од најомилените серии меѓу женската популација е Сексот и градот. Речиси секоја жена успешно се пронаоѓа барем во еден...
...од ликовите. Миранда, Шарлот, Кери и Саманта – кога актерките ги добиле овие улоги, сите 4 биле на дното на кариерата, без никаква надеж дека ќе станат популарни.
Како изгледале Сара Џесика Паркер, Ким Катрал, Синтија Никсон и Кристин Дејвис во младоста?
1. Сара била дете ѕвезда – глумела во мјузикл во 70-тите и имала споредна улога во филмот „Футлуз“. По успешната рана кариера, во 90-тите се губи нејзината слава, кога и ја добива улогата на Кери која и ја спаси кариерата.
2. Ким Катрал. Ким имала завидна кариера – глумела главна улога во филмот "Mannequin", се појавуваше и во „Полициска академија“ и „Ѕвездени патеки“.
3. Кристин Дејвис на 19 години ја глумела Снежана. Како повозрасна глуми во сапуници меѓу кои и во „Мелроуз Плејс“.
4. Синтија Никсон исто така била дете ѕвезда, но главно на театарската сцена.