Мајка му му купи куќа, не сака да работи во семејниот бизнис: Како Роб Кардашијан ги заработува милионите?
- Детали
- сабота, 18 ноември 2023
Од 2016-та година целосно се повлече од јавниот живот и ретко може да го видиме во јавност, но познато е дека Роб Кардашијан месечно плаќа по 20.000 долари алиментација за ќерката. Ако не работи со сестрите и не се појавува во реални шоуа, од каде успева да собере милиони на својата сметка?
Сестрите Кардашијан-Џенер и нивната мајка Крис се познати по тоа што не штедат и живеат во луксуз, но што се случува со единствениот син во семејството, Роб?
Каков живот води синот на Крис Џенер и како може да си дозволи месечно да плаќа алиментација во износ од 20.000 долари?
Во минатото, Роб Кардашијан беше присутен во јавноста, исто како неговите мајка и сестри, но факт е дека тој постојано беше мета на критики, како за неговиот изглед, така и за приватниот живот.
По раскинувањето со мајката на неговата ќерка Дрим, Блек Чајна, и големиот број тужби и обвиненија за насилство, Роб одлучи да се повлече од јавниот живот, па така од 2016-та година јавноста многу ретко има можност да го види.
Роб не присуствуваше ниту на свадбата на неговата најстара сестра Кортни во Италија.
Ретко се појавува во реалното шоу на неговото семејство, а во една од епизодите публиката имаше можност да го слушне само неговиот глас, но не и да го види.
Со оглед на тоа што ретко се појавува во јавноста и не работи како неговите славни сестри, многумина можеби ќе се зачудат како е можно тој на својата сметка да има богатство што изнесува околу 10 милиони долари.
Се претпоставува дека во времето кога беше дел од реалното шоу Keeping Up With The Kardasians, тој заработувал по 50.000 долари од епизода. Тој исто така беше дел и од реалното шоу на неговата сестра Khloe & Lamar, а се појави и во шоуто Dancing with the Stars.
Роб и неговата поранешна девојка Блек Чајна имаа свое реално шоу, што прекина да се емитува откако раскинаа, а таа го тужеше семејството Кардашијан затоа што ѝ ја уништиле кариерата и шоуто од кое заработувала по 100.000 долари од епизода.