Патрик Демпси е најсекси маж за 2023-та: Се венчал со пријателка на мајка му, ги малтретирал колегите од Grey’s Anatomy
- Детали
- среда, 08 ноември 2023
Патрик Демпси е прогласен за најсекси маж од страна на магазинот People. Иако важи за заводник, љубовниот живот на актерот е далеку од бурен. За разлика од повеќето холивудски актер, бил во брак само двапати – првата сопруга била најдобра пријателка на мајка му, додека со втората е заедно веќе 24 години. Кои други мажи ја имаат добиено титулата на магазинот?
Патрик Демпси, најпознат по улогата во Grey’s Anatomy, е прогласен за најсекси маж за 2023-та од страна на магазинот People.
57-годишниот актер ја доби титулата во шоуто на Џими Кимел, изјавувајќи дека е почестен.
Актерот е активен во филмската индустрија повеќе од три децении, а бидејќи многумина го сметаат за еден од најубавите мажи во шоу-бизнисот, тој и водителот Џими Кимел се пошегуваа зошто било потребно толку долго да ја добие титулата од People.
„Единственото прашање што си го поставувам е зошто им требаше толку долго… Секоја година си позгоден“, изјави водителот.
Иако важи за заводник, актерот е всушност во брак, и тоа од 1999 година и, за разлика од повеќето холивудски заводници, неговиот љубовен живот е далеку од бурен.
Единствено се истакнува неговата прва сопруга која била 26 години постара од него, а била и најдобра пријателка на мајка му.
Кога актерот имал 21 година, се венчал со тогаш 47-годишната Рошел Паркер. Тие стапиле во брак во 1987 година, а се развеле по околу седум години.
Подоцна, Рошел го обвинуваше актерот за семејно насилство:
„Додека бевме на сетот на неговиот филм Can’t Buy Me Love, ме натепа бидејќи сакал да види како изгледа да натепа жена“.
Истовремено, таа изјави дека нивниот брак се распаднал бидејќи Патрик ја оставил за друга жена.
По некое време Рошел го повлече обвинението и не е познато колку вистина има во нејзините изјави.
Актерот, пак, откри дека на почетокот чувствувал привлечност кон неа од по малку вознемирувачки причини:
„Мислам дека во тој период од животот ми требаше мајка. Рошел има син кој е една година постар од мене“.