Спијат голи, имале посебна соба за секс: Работи кои Дејвид и Викторија Бекам ги открија за нивниот сексуален живот
Викторија се пофали и за големината на „машкоста“ на сопругот
Викторија неколкупати има зборувано за „машкоста“ на нејзиниот сакан, истакнувајќи дека е „надарен“.
„Огромен е. Ако јас изгледав така, ќе шетав по улица во долна облека. Горда сум што имам многу добар сексуален живот со Дејвид“, изјави таа во 2008-ма.
Морале да се кријат кога првпат имале секс
Веќе добро познат факт е дека на почетокот, Викторија и Дејвид ја криеја нивната врска по препорака на менаџерот на фудбалерот.
Поради ова, нивните состаноци не биле најромантични – морале да се гледаат по паркинзи, за да ги избегнат љубопитните папараци.
По некое време, кога сакале да спијат заедно, тие се договориле да изнајмат соба во хотел.
Викторија го излажала нејзиниот менаџер дека ќе треба да оди во Италија и го замолила тој да закаже соба.
„Всушност, тој требаше да ни закаже соба во која јас и Дејвид планиравме првпат да имаме секс“, откри Викторија во нејзината автобиографија.
Сепак, на крај првпат имале секс во Манчестер, каде што Spice Girls имале настап.
По концертот, Дејвид ја зел Викторија од хотелот, отишле кај него дома, па ја вратил рано наутро за никој да не забележи дека цела ноќ ја поминала кај дечкото.
Дејвид сакал да ја „шпионира“ Викторија додека е гола
Во новиот документарец, Дејвид Бекам откри дека има омилено место во градината, и тоа бидејќи од таму можел да ја гледа Викторија.
„Се шетам, па седнувам овде со шолја кафе. Ова ми е омилено место во дворот. Можам да ја гледам Викторија преку прозорецот кога е гола“.
Спирова С. | Црнобело