Мрачното потекло на Бјанка, сопругата на Канје: Татко ѝ бил во затвор, чичко ѝ бил озлогласен гангстер и убиец

Таткото на Бјанка добивал и смртни закани од други гангстери во 1990-тите.

„Сенсори прифати заштита од полиција кога детективи открија дека група гангстери планираат да го убијат. Полицијата дозна дека банда планира да го убие Лео Сенсори во гаражата на неговиот дом и да ги украде парите од машините за коцкање.

Очекуваа овде да најдат околу 60.000 долари кеш. Полицијата го штитеше, иако знаеја дека Лео Сенсори е вклучен во нелегално коцкање“, пишува во австралиски весник, пренесува Daily Mail.

mrachnoto-poteklo-na-bjanka-soprugata-na-kanje-tatko-bil-vo-zatvor-chichko-bil-ozloglasen-gangster-i-ubiec-08.jpgСторија за таткото на Бјанка во Herald Sun

Како што спомнавме претходно, Лео бил уапсен за поседување хероин кој бил најден по претрес од страна на австралиската полиција.

Во интервјуто од 1991-ва, неговата поранешна сопруга изјави дека го нашле хероинот ви кујната.

„Се расправав со него бидејќи влегуваше во кујната и го мереше (хероинот) со мојот прибор за готвење. Не сакав да имам дрога во мојот дом. Беше кошмар“.

mrachnoto-poteklo-na-bjanka-soprugata-na-kanje-tatko-bil-vo-zatvor-chichko-bil-ozloglasen-gangster-i-ubiec-06.jpg
Сторија за семејството на Бјанка во Herald Sun

Таа тврди и дека го молела Лео да се оттргне од криминалот.

„Пробав да го натерам Лео да отвори нормален бизнис. Да ги искористи парите, да почне да работи нешто кое нема да му предизвикува постојани грижи.

Но, во Лео има криминалец. Му се допаѓа кога полицијата го брка. Го сака овој начин на живот и затоа никогаш нема да се промени“.

mrachnoto-poteklo-na-bjanka-soprugata-na-kanje-tatko-bil-vo-zatvor-chichko-bil-ozloglasen-gangster-i-ubiec-10.jpg

Лео и бившата сопруга се развеле по 15 години брак, а моментално тој живее со сегашната сопруга, односно мајката на Бјанка.

Лео, неговите браќа Едмондо и Ерис, се преселиле во Австралија во 1960-тите, со нивите родители.

Претходно живееле во Италија.

mrachnoto-poteklo-na-bjanka-soprugata-na-kanje-tatko-bil-vo-zatvor-chichko-bil-ozloglasen-gangster-i-ubiec-009.jpgБјанка со мајка ѝ (најлево) и двете сестри (десно од неа)

Бјанка нема прозборено ништо за нејзиното семејство, но наводно Канје веќе ги запознал мајка ѝ и татко ѝ.

mrachnoto-poteklo-na-bjanka-soprugata-na-kanje-tatko-bil-vo-zatvor-chichko-bil-ozloglasen-gangster-i-ubiec-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg