„Го презирав Дејвид, бев несреќна“ - Викторија Бекам за првпат искрено проговори за аферата на фудбалерот со асистентката
- Детали
- среда, 04 октомври 2023
„Дали го презирав Дејвид? Ако сум целосно искрена, да. Тоа беше периодот во кој бев најнесреќна во мојот живот“ – Викторија Бекам за првпат отворено зборува за аферата на нејзиниот сопруг Дејвид со асистентката и како морала да се пресели во Мадрид за да го спаси бракот.
На Нетфликс почна да се емитува новиот документарен филмски серијал посветен на животот на фудбалерот Дејвид Бекам, кој ги опфаќа сите детали од неговиот живот од раното детство, па сѐ до мигот кога стана сопственик на Inter Miami.
Синоќа (03.10) во Лондон се одржа премиерата на филмот Beckham, на која присуствуваа Дејвид и Викторија заедно со нивните 4 деца Бруклин (24), Ромео (21), Круз (18) и Харпер (12), а филмот сам по себе откри голем број детали од животот на славниот пар, за кои досега само сe ширеа гласини.
Викторија за првпат по 20 години зборуваше за наводната афера на нејзиниот сопруг со неговата асистентка Ребека Лус, која беше топ-тема во медиумите во 2003-та година.
Во тоа време Ребека излезе со повеќе тврдења во медиумите дека му била како втора сопруга на Дејвид и се појави во голем број реални шоуа и даваше изјави за британските таблоиди.
Сега, речиси 20 години подоцна, Викторија и Дејвид за првпат во документарниот филм одговорија на прашања поврзани за аферата и за тоа како влијаела врз нивниот брак.
На прашањето како се справувале со тоа што нивните имиња беа застапени во голем број таблоиди, Дејвид одговори:
„Имаше ужасни приказни што беа многу тешки за да се справиме со нив. Тоа беше првпат јас и Викторија да се најдеме под таков притисок во нашиот брак“.
Прашана дали тоа бил најтешкиот период во нејзиниот брак, Викторија изјави:
„Сто отсто, тоа беше најтешкиот период за нас. Затоа што се чувствувавме како светот да се свртел против нас. А клучно беше што и ние се свртевме еден против друг, ако бидам целосно искрена.
Сѐ додека Дејвид не отиде во Мадрид, се чувствуваме како ние двајца да се бориме против целиот свет. Но, бевме заедно, бевме поврзани, се имавме еден со друг.
Но, кога бевме во Шпанија се чувствувавме како да се загубивме еден со друг. И тоа беше тажно, не можам ниту да ви кажам колку лошо влијаеше тоа врз мене“.