Пејачката Шер најмила луѓе да го киднапираат син ѝ – бил зависен од хероин, не сакал да оди на рехабилитација
- Детали
- среда, 27 септември 2023
Помладиот син на пејачката Шер со години има проблеми со зависност од хероин, но и лош однос со мајка му – некогаш не зборувале со години. Сепак, во 2022-ра, Шер наводно се исплашила за него, па најмила луѓе да го киднапираат за присилно да го однесе на рехабилитација.
Пејачката Шер има два сина – Чез Боно со поранешниот сопруг Сони Боно, како и Илајџа Алман кој го доби со поранешниот сопруг Грег Алман.
Шер не е во најдобри односи со 47-годишниот Илајџа Алман, а сега Daily Mail открива дека во 2022 година најмила и луѓе да го киднапираат од хотелска соба.
Шер, Илаџја и татко му Грег Алман
Илајџа со години има проблеми со зависност од хероин. Истовремно, од 2013-та до 2020-та беше во брак со англиската пејачка Мерианџела Кинг.
Во периодот на киднапирањето, Шер била загрижена за зависноста на син ѝ, а тогаш тој пробувал и да ја обнови врската со бившата сопруга.
Илајџа со поранешната сопруга
Пред киднапирањето, Илајџа шест месеца отседнувал во хотел во Лос Анџелес.
Овде имал инцидент – вработените од хотелот го пронашле без свест пред влезот.
„На почетокот изгледаше како да е мртов, но беше онесвестен. Вработените го кренаа и го внесоа внатре“, изјави тогаш сведок на настанот.
Според изјава од бившата сопруга, тогаш таа и Илајџа се сретнувале и пробувале да го спасат бракот. Но, биле спречени од киднаперите.
„Ако имавме време, мислев дека ќе се смириме. На 30-ти ноември 2022-ра, на денот на годишнината од нашата венчавка, четворица луѓе влегоа во нашата хотелска соба и го зедоа Илајџа.
Едниот од нив ми кажа дека биле најмени од мајка му (Шер)“.
Четири дена Мерианџела не знаела каде е Илајџа, па решила да пријави во полиција.