Го уценувала дека мора да имаат деца, сега бара стотици илјади долари месечна алиментација – Детали за разводот на Кевин Костнер
- Детали
- петок, 08 септември 2023
Откако поднесе документи за развод, сопругата на Кевин Костнер со месеци не сакаше да си замине од семејната палата. Си замина со судски налог дека не смее да земе ништо што е стекнато во бракот, а бара стотици илјади за алиментација – детали за разводот на Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер.
Многумина го помнат по улогата во филмот „Bodyguard“ со Витни Хјустон, а актерот Кевин Костнер во последните неколку месеци привлекува внимание заради разводот со сопругата со која 18 години беше во брак.
Кевин Костнер е татко на седум деца, зад себе има два брака, а во последните неколку месеци неговиот развод со втората сопруга е топ тема во американските таблоиди.
Од оспорувањето на предбрачниот договор, одбивањето на сопругата да го напушти семејниот дом и барањето поголема алиментација за децата – се чини дека секој ден се случува по некој нов пресврт, а парот освен за крупните прашања се расправа и за банални работи – како за тоа што таа смеела, а што не смеела да земе кога си одела од семејната палата.
Во продолжение неколку факти за бракот и разводот на Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер:
Кевин Костнер (68) ја запознал својата втора сопруга Кристин Баумгартнер (49), додека сè уште бил во брак со Синди Силва со која има 3 деца: Ени (39), Лили (37) и Џо (35).
Кевин и Кристин за првпат се сретнале на терен за голф, додека тој се подготвувал за улогата во романтичната комедија Tin Cup, но тогаш не се случило ништо.