Доби 2 затворски казни, има огромно богатство: Кој е биолошкиот татко на Лени, ќерката на Хајди Клум, и во каков однос се?
- Детали
- недела, 03 септември 2023
Биолошкиот татко на Лени Клум е италијанскиот бизнисмен Флавио Бриаторе. Пред да се роди Лени, тој бил замешан во криминал и добил две затворски казни, но бил помилуван. Лени, пак, се роди откако тој се раздели со мајка ѝ. Во каков однос се денес?
Ќерката на Хајди Клум – Лени – постепено тргнува по стапките на мајка си.
Лени е најстарото од четирите деца на Хајди Клум. Но, за разлика од другите деца, нејзиниот татко не е пејачот Сил со кого Хајди беше во брак.
Таткото на Лени е бизнисменот Флавио Бриаторе. Но, сепак, Сил е оној кој ја воспитал и се грижел за неа во детството.
Флавио, од друга страна, е многу поконтроверзна личност.
Ја почнал кариерата како менаџер на ресторан, а подоцна продавал и осигурување.
Тој го прекршувал законот и со криминал успеал да стекне богатство од 400 милиони долари.
Во 1980-тите, додека живеел во Италија, бизнисменот си заработил и две затворски казни. Сепак, бил помилуван и не ги одлежа.
Наводно, по ова, Флавио целосно го променил неговиот концепт на работење и се држел настрана од криминал.
Флавио и Хајди беа пар во раните 2000-ти, а откако се разделија, Хајди дознала дека е бремена со Лени.
Бидејќи веќе биле разделени со Хајди, Флавио речиси и да немал контакт со Лени.
Во 2016-та, тој и отворено кажа дека не само што не е во контакт со Лени, туку не му ни недостасувала.
Сепак, додаде дека е среќен што Лени има татковска фигура во нејзиниот живот – музичарот Сил.
Истата година, тој откри и дека на почетокот пробал да создаде некаква конекција со ќерка му.
„Лени се роди откако јас и Хајди се разделивме. Хајди живееше во Лос Анџелес, а јас во Лондон. Растојанието беше огромно.
Со Лени зборувавме на телефон два часа дневно, но не беше доволно. А, таа мораше да остане со мајка ѝ“.
Во 2018-та се појави заедничка фотка од Лени и татко ѝ.
Оттогаш, Флавио има споделено и неколку фотки на Инстаграм со ќерка му Лени.
Од друга страна, Лени го гледа Сил како нејзиниот вистински татко.
Откако се роди, Сил ја посвои, а самиот имаше изјавено дека ѝ е татко во секоја смисла на зборот, освен генетски.
И по разделбата на Хајди и Сил, Лени го смета пејачот за татко, а доста често позира со него на важни настани.
Спирова С. | Црнобело