Се омажи мајката на Мајли Сајрус - пејачката ја одведе до олтарот, смени две венчаници (фото)
- Детали
- четврток, 31 август 2023
„Таа секогаш беше тука за да ме подготви за важните настани во мојот живот, чест ми е што можам да бидам тука за неа, сега кога сум повозрасна“ – рече Мајли Сајрус, откако имаше чест да ја одведе пред олтар мајка ѝ, која неодамна стапи во брак по третпат.
Мајката на мега популарната пејачка Мајли Сајрус, Тиш (56) се омажи за ѕвездата на серијата Prison Brake, Доминик Персел (53) со интимна церемонија во Калифорнија.
Свадбата се одржа на 19-ти август годинава во домот на Мајли, а мајката на пејачката откри дека таа со актерот се запознала преку социјалните мрежи.
Тиш и Доминик објавија дека се свршиле во ноември 2022-ра година, на Денот на благодарноста, а не е познато кога точно ја започнале врската.
За време на свадбената церемонија Тиш смени два фустани, а Мајли беше старосватица, и токму нејзе ѝ припадна ѝ улогата да ја однесе мајка ѝ до олтарот.
„Таа секогаш беше тука за да ме подготви за важните настани во мојот живот, од натпреварите за навивачки, а потоа и во бекстејџот пред големите настапи.
Таа никогаш не престана да ме возвишува и да ме поддржува во моите одлуки, чест ми е што можам да бидам тука за неа, сега кога сум повозрасна“ – изјави Мајли за Vogue.
Пејачката откри дека целиот настан бил мошне емотивен затоа што се радувала што имала можност да ја види мајка ѝ среќна и вљубена.
„Откако се запознаа, двајцата почнаа да се подмладуваат. На некој начин мајка ми стана уште поубава.
Денот беше посебен и магичен исто како нив. Денот кога стоев до мајка ми и ѝ ја предадов на Дом ќе го помнам целиот живот“ – рече пејачката.
Инаку, Тиш претходно беше во брак со Бакстер Нил Нелсон од 1987-ма до 1989-та година со кого ги доби децата Трејс и Бренди и со Били Реј Сајрус од 1993-та до 2010-та , со кого ги доби ќерките Мајли и Ноа и синот Брејсон.