Го изневери со друга девојка, тврдеше дека секогаш ќе го сака – Мајли Сајрус 3 години по разводот објави песнa за поранешниот сопруг
- Детали
- среда, 18 јануари 2023
Го изневери со друга девојка, потоа беше една година во врска со друг дечко, но Мајли Сајрус сѐ уште го нема преболено нејзиниот поранешен сопруг Лијам Хемсворт - на неговиот 33-ти роденден, скандалозната пејачка објави нова песна во која откри дека никогаш не сакала да го напушти.
Пејачката Мајли Сајрус ја објави својата нова песна „Flowers“ на 33-иот роденден на нејзиниот поранешен сопруг Лијам Хемсворт кого го изневери со друга девојка, а многумина тврдат дека оваа песна му е посветена токму нему.
„Бевме добри, бевме златни. Некаков сон што не може да се продаде. Бевме добри додека не ја изградивме куќата и не гледавме како гори“ – се некои од стиховите во нејзината нова песна, во која вели дека го сакала, но била свесна дека не е доволно добра за него.
Многумина во овие стихови ја пронајдоа приказната на Мајли и Лијам од 2018-та година кога неговата куќа изгоре во пожарите што во 2018-та година го зафатија Малибу.
Таа рече дека токму овој настан ги натерал да одлучат да стапат во брак и дека никогаш не би одлучиле да застанат пред олтар, ако не преживееле таков трауматичен настан.
„Бевме заедно од 16 години. Куќата ни изгоре. Бевме свршени. Не знам дали воопшто мислевме дека ќе се венчаме, но кога ја загубивме куќата во Малибу...
На пример, кога го слушате мојот глас пред и по пожарот, постои голема разлика и таа траума во голема мера влијаеше на мојот глас. Имав многу работи што исчезнаа, секоја песна што сум ја напишала беше во таа куќа. Секоја моја фотографија што ми ја дале родителите, сите мои сценарија, сѐ изгубив.
И така додека се обидувавме повторно да се составиме, наместо да си речам: ‘Оф, природата го направи тоа што не можев јас да го направам за себе', јас почнав да се препуштам и трчав кон огнот. Што не е нормално.
Голем број животни го прават тоа и на крајот умираат, како што елените бегаат од шумата. Ги привлекува топлината, а јас сум интензивна личност и не сакам само да седам само со тоа.
Само се држев до она што ми остана од таа куќа, а тоа бевме јас и тој. И навистина така го сакав, силно, силно и сѐ уште така и го сакам, секогаш ќе го сакам’“ – рече таа во една прилика.
Мајли која себеси се декларира како пансексуалка, во една прилика појасни дека разводот со Лиам, по само 8 месеци брак, следувал затоа што не чувствувала сигурност додека била со него:
„Не сакам драми, расправии и конфликти. Во врската сакам да имам сигурност, кога ќе се вратам дома, сакам да почувствувам мир. Не можам да бидам во врска во која има премногу расправии и препреки“ – рече таа.
По разводот со Лијам во 2019-та година, Мајли беше во врска со инфлуенсерката Кејтлин Картер со која наводно го изневерила, а потоа беше во врска со пејачот Коди Симпсон.
Иако тврдеше дека со Коди ја нашла вистинската среќа, на почетокот на 2020-та година таа откри дека раскинале, а пејачката ја сподели веста на Инстаграм и рече дека се разделиле затоа што имаат различни планови за животот.
Во последните 2 години Мајли немаше друга посериозна врска, иако во таблидите ја поврзуваа со одредени музичари.
По објавувањето на песната „Flowers“ Лијам Хемсворт беше забележан на аеродром со новата девојка Габриела Брукс со која е заедно од 2020-та година.
Б.С.Б. | Црнобело