„Барем да ја запалеше скарата“ – Дуа Липа стана мета на потсмев откако се пофали со вештините за готвење
- Детали
- четврток, 31 август 2023
„Сигурно добро ќе се најадете ако ви готви Дуа Липа“, „Барем скарата да ја запалеше“ – коментираат дел од твитерџиите за видеото во кое пејачката се пофали дека е експерт за готвење ракчиња.
Пејачката со албанско потекло, Дуа Липа (28) објави видео на социјалните мрежи во кои сакаше да ги покаже своите кулинарски способности.
Облечена во фустан без прерамки и со марама на главата таа се пофали дека готвела ракчиња на скара, за прослава со нејзиното семејство.
Дополнително на видеото напиша дека е вистински „готвач“.
И додека таа им покажа на своите следбеници дека е вистински мајстор за превртување ракчиња на скара со помош на штипка за готвење, твитерџиите забележаа дека таа направила грешка во средувањето на целата сцена, заради што видеото вирално се прошири на Твитер, а пејачката стана мета на потсмев.
„Сигурно добро ќе се најадете ако ви готви Дуа Липа“,
„Барем скарата да ја запалеше“,
„Мене не ми изгледа дека има оган на скарата, навистина сте можеле подобро да го исценирате“,
„Едно ракче побегна и рече: ‘Супер, тоа не беше жешка скара’“,
„Добро е знае да превртува ладни ракчиња на ладна скара – навистина е готвач“,
„Сигурно готви“ – стои во дел од коментарите.
Погледнете го видеото:
https://twitter.com/PopCrave/status/1696446221278155009
Б. С. Б. | Црнобело