Гените се чудо: Шајло Џоли Пит и со момчешка фризура е вистинска наследничка на убавината на Анџелина и Бред
- Детали
- среда, 30 август 2023
Шајло Џоли Пит се појави со многу кратка коса, слична на фризурата на мајка ѝ од младоста. 17-годишната девојка дефинитивно ги наследила најдобрите гени од родителите и изгледа прекрасно во секакво издание.
Со родители како Бред Пит и Анџелина Џоли, не е ни чудно што Шајло Џоли Пит порасна во вистинска убавица.
17-годишната девојка неколкупати го менуваше стилот, а нејзината убавина е дефинитвно забележлива дури и кога преферира „машка“ облека.
До неодамна, Шајло имаше долга руса коса, но се чини повторно му се враќа на „момчешкиот“ стил.
Младата девојка беше забележана со кратко потстрижена коса, а носеше црна маичка и кратки тексас панталони.
Кон крајот на 1990-тите, и мајка ѝ Анџелина Џоли имаше слична фризура, а новиот имиџ на Шајло само ја нагласува сличноста помеѓу нив.
Со кратката фризура, Шајло премногу наликува и на Бред Пит, па се чини девојката ги наследила најдобрите гени од своите родители.
Шајло беше во ресторан со пријател со кого разговараше и се смееше.
Кога завршија со ручекот, тие се разделија со прегратка.
Повеќе фотки од прекрасната Шајло:
Спирова С. | Црнобело