Горди сме, Македонец со светски успех! Ева Лонгорија повторно е совршена во фустан на наш дизајнер
- Детали
- вторник, 29 август 2023
Браво! Бројни светски ѕвезди имаат носено креации на македонскиот дизајнер Тони Матичевски. Последна во низата е Ева Лонгорија која изгледа совршено во жолт фустан од талентираниот дизајнер. Тој изгледа ѝ е еден од омилените дизајнери.
Македонскиот дизајнер Тони Матичевски има соработувано со неколку светски ѕвезди, вклучувајќи ги Ким Кардашијан и Кристен Стјуарт.
Сега, талентираниот дизајнер откри дека Ева Лонгорија се појавила во негов фустан. А, ова не е првпат познатата актерка да носи креација на нашиот дизајнер.
Ева изгледа одлично во долгиот жолт фустан со асиметричен корсет и уникатно здолниште.
Ева Лонгорија сподели неколку фотки на Инстаграм со кои откри дека го носела фустанот на свеченост, односно доделување награда.
На фотките таа позира во друштво со свршеницата на Џеф Безос – Лорен Санчез – која доби награда за хуманитарност.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





