Кристен Стјуарт во креација на македонскиот дизајнер Тони Матичевски слави за номинацијата за Оскар (фото)
- Детали
- петок, 11 март 2022
На забава организирана за номинираните за овогодишните Оскари, Кристен Стјуарт се појави во креација на Тони Матичевски – дизајнер кој живее во Австралија, а чии родители се од Македонија.
За улогата во филмот Spencer каде што ја глуми принцезата Дијана, Кристен Стјуарт си заработи номинација за Оскар.
Деновиве, The Hollywood Reporter организираше забава за номинираните, а Кристен Стјуарт се појави со креација од македонски дизајнер.
31-годишната актерка носеше кроп-топ маичка и здолниште кои се дело на дизајнерот Тони Матичевски. Комбинацијата ја дополнила со бели штикли, кои потоа ги замени со удобни патики.
Талентираниот дизајнер и самиот сподели фотографија од аутфитот на Кристен, а според објавата, веројатно не ни знаел дека актерката ќе присуствува на забавата со негова креација.
Тони Матичевски има 45 години, а работи и живее во Мелбурн. Неговите родители се од Македонија, а се преселиле во Австралија пред распадот на Југославија.
Дел од неговите креации:
https://www.instagram.com/p/CWm_sEirFb_/
https://www.instagram.com/p/CXQNTmDv000/
https://www.instagram.com/p/CadpMf0vGjR/
https://www.instagram.com/p/CWP8-01rQ__/
https://www.instagram.com/p/CVFK9joF6DM/
Спирова С. | Црнобело