Натали Портман осамена и тажна на фудбалски натпревар, по аферата на сопругот со 25-годишна девојка
- Детали
- петок, 18 август 2023
Натали Портман изгледа осамено и тажно на фудбалски натпревар во Сиднеј, по гласините дека се разделиле со сопругот Бенџамин бидејќи тој имал афера со 25-годишна девојка. Актерката и сопругот честопати одеа на спортски натпревари, некогаш и со децата, а на папарацо фотките Натали секогаш блескаше од среќа.
По гласините дека Натали Портман и сопругот Бенџамин Милепид ќе се разведуваат поради афера, актерката беше забележана на фудбалски натпревар во Сиднеј.
42-годишната Натали беше сама, во лежерно издание со блузон и капче.
Нејзиното расположение не се ни споредува со она на постарите фотки од фудбалски натпревари – наместо широката препознатлива насмевка, Натали изгледа тажна и скршена од болка.
Првите гласини за разделбата на Натали и сопругот се појавија пред околу еден месец, кога се дозна дека тој ја изневерувал.
Според изворите, тие пробале да го спасат бракот, но аферата била премногу за актерката.
„Откако се дозна за аферата, пробуваа да работат на бракот, но моментално се разделени“.
Други извори, пак, тврдат дека уште не донеле конечна одлука да се разведат.
Веста за неверството се рашири по објава на францускиот медиум Voici, според кој Бенџамин имал афера со 25-годишна жена.
Наводно, аферата траела кратко и Бенџамин повеќе не се гледал со девојката.
По ова, Натали беше неколкупати забележана без нејзиниот прстен.
Page Six откри дека Натали дознала за аферата во март, а Бенџамин пробувал да ја добие нејзината прошка.
„Бенџамин знае дека направи огромна грешка и прави сè што е во негова моќ за Натали да му прости и да го задржи семејството заедно.
Натали е личност која ја цени својата приватност и нема намера да споделува детали со медиумите. Нејзин најголем приоритет е да ги заштити децата и нивната приватност“.
За потсетување, парот има две деца - 12-годишниот син Алеф и 6-годишната ќерка Амалија.
Спирова С. | Црнобело