„Имаш злобно срце“: Парис Хилтон ужива на одмор на Хаваи, додека луѓе гинат во пожарите - ги разбесни твитерџиите
- Детали
- вторник, 15 август 2023
Парис Хилтон е остро критикувана од јавноста откако се појавија фотки од нејзиниот одмор на Мауи – хавајскиот остров каде што имаше страшни пожари во кои загинаа 99 лица, а над 100 се водат за исчезнати. И Опра Винфри беше критикувана, откако се појавила во шелтер во Мауи со цела екипа за снимање, по што била избркана.
Ова лето го одбележаа низа страшни пожари ширум целиот свет, вклучувајќи и неколку на Балканот.
Можеби еден од најдеструктивните пожари годинава е на Мауи, Хаваи кој предизвика материјална штета од над пет милијарди долари.
Голем дел од островот е изгорен, а во пожарот загинаа 99 лица. Над 20 се повредени, над 100 се водат за исчезнати и властите стравуваат дека бројот на загинати е уште поголем.
Но, трагедијата што го зафати островот веројатно не ја „допира“ Парис Хилтон која беше забележана на плажа на Мауи со сопругот и нивното дете.
На фотките споделени од Page Six се гледа дека Парис и сопругот Картер уживаат во одморот во луксузен ресорт, додека на само 50-тина километри од нив се наоѓа градот кој беше најпогоден.
На фотките, Парис го држи детето во раце и заедно со Картер се шетаат покрај брегот, а во еден миг застанаа да споделат бакнеж.
Подоцна тие беа забележани и како шетаат во близина на ресортот, овојпат без нивното дете.
Фотките од парот почнаа да се споделуваат и на Твитер, каде твитерџиите го искажаа својот револт, а некои дури и ја нарекоа Парис „идиот“:
„Одвратно. Им рекоа на сите туристи да го напуштат островот“.
„Парис Хилтон е на одмор на Мауи, во ресорт на 30 минути од град кој гори. Замисли да гледаш како илјадници луѓе ги губат домовите и нивните сакани, а потоа да очекуваш да ти служат пијачки додека ти уживаш на плажа“.
„Парис, можеш да одиш каде сакаш, во кое било време. Имаш злобно срце. Верувај дека си ја уништи репутацијата“.
Сепак, за Daily Mail, некои извори тврдат дека Парис помогнала среде целата трагедија.
„Дефинитивно помага. Мауи отсекогаш имал посебно место во нејзиното срце. Собираше храна и други потребни работи и ги носеше во засолништа“.
Парис дури сподели и Инстаграм Стори со линк преку кој може да се донираат пари за настраданите. Сепак, сè уште се нема огласено за одморот.
Парис Хилтон не е единствената ѕвезда која беше критикувана поради однесувањето среде огнената стихија.
И Опра Винфри се соочи со лоши коментари – познатата водителка има огромен имот на Мауи, но долго време молчеше во врска со пожарите. Потоа се појавила во засолниште каде што им давала перници на настраданите.
Според многумина, нејзиното однесување ја „прели чашата“ кога вчера, (14.08) се појавила во шелтер со цела екипа за снимање, по што била избркана.
По ова, Опра само вети дека ќе направи голема донација за настраданите.
Парис Хилтон на одморот на Хаваи:
Спирова С. | Црнобело