Џеј Ло опуштена и со разместени бикини јаде на плажа во Италија - далеку од Инстаграм совршенството
- Детали
- петок, 11 август 2023
Додека Џенифер Лопез се сончаше на лежалка на приватна плажа и позираше за на Инстаграм, папараците ја фотографираа како си нанесува млеко за сончање по телото и на задникот, додека јаде и седи опуштено, а бикините не ѝ се совршено наместени...
Светската ѕвезда Џенифер Лопез е на летување во Италија. Таа е на брегот Амалфи, од каде што на Инстаграм објави совршени фотографии – во бели секси бикини, со розе вино и овошје на масата покрај себе.
Пејачката и актерка изгледот го дополни со сламен шешир, впечатливи очила и многу накит, а на фотките е и нејзината совршена насмевка.
Но, додека Џенифер се сончаше на лежалка на приватна плажа и ѝ позираше на својата фотографка, папараците ја фотографираа како си нанесува млеко за сончање по телото и на задникот, додека јаде и седи со опуштено стомаче, но и бикините кои не ѝ се совршено наместени како на фотките што ги споделува самата на социјалните мрежи.
Папараците ја фотографираа и додека беше на вечера со пријателите, па на фотките што ги објави Daily Mail се гледа како таа со рацете си ја држи косата високо над главата и јаде шпагети кои ѝ висат од устата, но и како ужива во вкусната италијанска храна.
Џенифер, која неодамна наполни 54 години, е во Италија без сопругот Бен Афлек, пишуваат светските медиуми кои ја следат на патувањето.
Повеќе фотки од одморот:
А. Ј. | Црнобело