„Бев во врска со дечко (21) и старец (91) во исто време“: Авторката на ‘Сексот и градот’ oткри од каде инспирацијата за ликот на Кери Бредшо
- Детали
- сабота, 05 август 2023
Кендис Бушнел вели дека нејзиното искуство во 1990-тите ја навело да напише колумна за магазинот New York Observer за тоа каков е сексуалниот живот на њујорчани... А потоа се родила идејата за „Сексот и градот“ и Кери Бредшо. „Не чувствувам дека ликот сум јас. Јас не се омажив за богат човек. Не се омажив за Ѕверката. Но, исто како Кери и јас сум повторно сингл“, вели таа.
Писателката Кендис Бушнел (64) која стекна светска слава со книгата „Сексот и градот“, вели дека годините се само бројка и призна дека пред многу години, во исто време се гледала со 21-годишно момче и со 91-годишен старец.
Славната писателка во интервју за Us Weekly раскажа детали за својот сексуален живот и за врските кои ја инспирирале да го создаде ликот на Кери Бредшо, но и оние на Саманта Џонс, Миранда Хобс и Шарлот Јорк.
„Знаете, имам толку многу луди авантури за состаноци. Мислам, во една недела излегував со момче кое имаше 21 година и со старец кој имаше 91 година.
Никој не ви кажува дека ова може да ви се случи“, вели таа.
Писателката, која во моментов е сингл, во интервјуто рече дека возраста не ѝ е важна бидејќи никој не знае каква хемија може да се појави меѓу двајца луѓе.
„Затоа ќе излезам и со 20-годишик и со некој кој има 90 години. Разведена сум и ги немам сите одговори. Но, тоа е мојот став кон љубовните состаноци - никогаш не знаеш кога ќе кликнеш со некого“, рече таа.
Кендис вели дека нејзиното искуство во 1990-тите ја навело да напише колумна за New York Observer за тоа каков е сексуалниот живот на њујорчани.
А потоа се родила идејата за „Сексот и градот“ и Кери Бредшо.
Но, Бушнел вели дека таа и Кери, всушност и немаат толку многу сличности.
„Не чувствувам дека ликот сум јас. Јас не се омажив за богат човек. Не се омажив за Ѕверката. Но, исто како Кери и јас сум повторно сингл“, вели таа.
Бушнел во моментов е сингл. Но и покрај годините и многуте мажи со кои се гледала, таа не ја исклучува можноста да најде љубов.
„Се забавувам, среќна сум, тоа ми е важно“, додава.
Бушнел беше во брак со балетанот Чарлс Аскегард од 2002 до 2012 година.
Таа се забавуваше со Боб Гучионе Јуниор, издавач на магазините Spin и Penthouse, со поранешниот сенатор од Њујорк, Ал Д'Амато, и со моделот Мајкл Бергин.
Таа се гледаше и со ко-основачот на списанието Talk, Рон Галоти, кој наводно ѝ бил инспирација за создавањето на ликот на Ѕверката.
А. Ј. | Црнобело