Некогаш Денис Родман ја остави по 9 дена брак, сега плаче неуредна пред домот – Каде е и што прави Кармен Електра?
- Детали
- среда, 02 август 2023
Видно вознемирена седи на скалите пред нејзиниот дом и плаче... Кaрмен Електра беше снимена во неуредно издание, само неколку недели откако сними разголена фотосесија за брендот на Ким Кардашијан. Во продолжение неколку интересни детали за нејзиниот бурен љубовен живот...
Некогаш важеше за една од најубавите жени во Холивуд, а неодамна папраците ја уловија Кармен Електра (51) како седи и плаче на скалите пред нејзиниот дом и сите се прашуваат што се случува со убавата актерка.
Актерката која се прослави во хит серијата Baywatch беше снимена без грам шминка како седи на скалите пред нејзиниот дом, а во еден миг си ги бришеше очите и наликуваше дека плаче.
Облечена во маичка со натписот Guns N’ Roses, со маскирни пантолони и неуредна коса.
Според изјавите на нејзините портпароли, актерката се чувствува добро, а така се однесувала, затоа што во тој миг имала мигрена и сонцето ѝ блескало во очите.
За потсетување, актерката неодамна заедно со Џени Мекарти беше дел од кампањата за брендот на Ким Кардашијан Skims, а со нивните фотографии покажаа дека изгледаат одлично иако се веќе навлезени во шестата деценија од животот.