Ѕвездата на хит-серијата „Euphoria“, Ангус Клауд (25) пронајден мртов: „Пред една недела го погреба татко му, не можеше да се справи со загубата“
Ангус е роден во Оклeнд во Калифорнија, во американско семејство со потекло од Ирска.
Во 2013-та година, кога имал само 13 или 14 години тој претрпел повреди на мозокот кога паднал на градилиште и 12 часа бил во кома, по што имал силни последици. Заради повредата актерот имал бавен говор и карактеристичен акцент.
Се образувал на престижната школа за уметности во Оклeнд каде специјализирал технички театар и учествувал во изградбата на повеќе филмски сетови.
По ова се преселил во Њујорк, од каде имал намера да се пресели во Ирска, затоа што целото семејство му е таму.
Во 2018-та година работел како келнер во ресторан за вафли во Бруклин, кога бил забележан од Елеонор Хендрикс, жената која е специјалист за откривање таленти на улица.
Тој откри дека во моментот кога таа му понудила да оди на аудиција, сметал дека се работи за некаква измама.
Но, само 2 недели подоцна тој ќе почне да ја снима серијата што ќе му донесе светска слава и ќе се откаже од своите планови да се пресели во Ирска.
Минатата година се соочи со скандал кога неговиот агент Диоми Кордеро изјави дека се запознале додека и двајцата биле на рехабилитација од опојни супстанции во 2021-ва година. Наводно само 2 дена по излегувањето од клиниката, Ангус повторно се вратил на пороците.
Б. С. Б. | Црнобело