Ќе работи како пожарникар и во мртовечница – Бившиот на Ким Кардашијан доби условна казна, откако направи сообраќајка
- Детали
- вторник, 25 јули 2023
Ќе работи во противпожарната служба во Њујорк, исто како неговиот татко кој загина додека ги извршуваше должностите по нападите од 11-ти септември во 2001-ва година, а во мртовечница треба да види кои се последиците од несовесно возење – познато е каква казна ќе добие Пит Дејвидсон откако предизвика сообраќајна несреќа.
Поранешниот дечко на Ким Кардашијан, Пит Дејвидсон (29) ќе мора да работи 50 часови општокорисна работа за да избегне затворска казна, по сообраќајната несреќа што ја предизвика во март кога со автомобилот се заби во семејна куќа во Беверли Хилс.
Пит беше во автомобилот со неговата девојка Чејс Суи Вондерс кога управувајќи со голема брзина, удри во противпожарен хидрант, а потоа во семејна куќа во Беверли Хилс, по што куќата мораше да биде срушена заради оштетувањата што настанале по несреќата.
За среќа никој не беше повреден, а судот во Лос Анџелес, деновиве му ја изрече казната на комичарот.
Според пишувањата на TMZ, Дејвидсон освен што ќе мора да ја заврши општокорисната работа, ќе мора да оди во сообраќајно училиште во траење од 12 часови, а судската наредба мора да ја изврши во следните 18 месеци за да избегне криминално досие или евентуално одење во затвор.
Најверојатно, Пит Дејвидсон ќе работи во противпожарната служба во Њујорк, односно на истото место каде што работеше неговиот татко Скот Дејвидсон, кој загина додека ги извршуваше своите должности по нападите на 11-ти септември во 2001-ва година, кога комичарот имал 7 години.
Исто така, Пит задолжително ќе мора да престојува и во мртовечница каде одблиску ќе има можност да види што им се случува на жртвите на несовесните возачи.
Инаку, заради несовесното возење, комичарот можеше да добие 9-месечна затворска казна, но очигледно, судот одлучил да му даде „втора“ шанса за да го поправи своето однесување.
За потсетување, Пит 9 месеци беше во врска со Ким Кардашијан, а потоа го поврзуваа и со Емили Ратајковски.
Минатиот месец комчарот сам се пријави во центар за рехабилитација, откако тврдеше дека му треба ментален одмор заради тоа што се соочува со растројство на личноста и посттрауматско стресно нарушување.
Б. С. Б. | Црнобело