„Креира ембриони за да ги убие“ – Бившите на Софија Вергара тврдат дека таа не сака деца (и тоа е причина за разводот)

„Никогаш немаше да прифатам да креирам нови животи (ембриони) со Софија ако знаев дека таа сака да се откаже и да ги уништи во случај на раскинување“ - рече бившиот дечко на Софија Вергара, Ник Лоеб. Наводно и споругот Џо Манганиело бара развод затоа што актерката не сака деца.

kreira-bebinja-za-da-gi-ubie-bivshite-na-sofija-vergara-tvrdat-deka-taa-ne-saka-deca-i-toa-e-prichina-za-razvodot-01.jpg

Актерот Џо Манганиело (46) и официјално поднесе документи за развод од актерката Софија Вeргара (51) по 7 години брак.

Во документите што се објавени во дел од светските медиуми, како причина за разводот се наведени „ненадминливи разлики“, но причините за разделбата според изворите блиски до парот се јасни:

„Џо сакал деца со актерката, која е мајка на 31-годишниот син Маноло Гонзалес Вергара, а таа не сакала“ – пишува TMZ.

kreira-bebinja-za-da-gi-ubie-bivshite-na-sofija-vergara-tvrdat-deka-taa-ne-saka-deca-i-toa-e-prichina-za-razvodot-05.jpg

За своја адвокатка, Џо ја избрал Лаура Весер која ги застапуваше Ким Кардашијан и Џони Деп за време на нивните разводи.

Тоа што немаат деца значи дека разводот ќе оди лесно, затоа што секој од нив ќе си замине со тоа што го донел во бракот, а нивната куќа во Беверли Хилс уште во јуни годинава била ставена на продажба.

kreira-bebinja-za-da-gi-ubie-bivshite-na-sofija-vergara-tvrdat-deka-taa-ne-saka-deca-i-toa-e-prichina-za-razvodot-06.jpg

Инаку, актерката претходно водеше битка за старателство над замрзнатите ембриони со поранешниот дечко Ник Лоеб, а во 2021-ва година успеа да извојува победа.

kreira-bebinja-za-da-gi-ubie-bivshite-na-sofija-vergara-tvrdat-deka-taa-ne-saka-deca-i-toa-e-prichina-za-razvodot-02.jpg

На Ник Лоеб му беше забрането да ги искористи ембрионите без согласност на Софија, а тој тврдеше дека судијата бил под влијание на славната катерка.

„Судијата беше под влијание на Холивуд. Тажно е тоа што Софија, иако е посветен католик, креираше бебиња намерно, за потоа да ги убие“ – рече Ник Лоеб во 2021-ва година.

kreira-bebinja-za-da-gi-ubie-bivshite-na-sofija-vergara-tvrdat-deka-taa-ne-saka-deca-i-toa-e-prichina-za-razvodot-03.jpg

Тој не се откажа од битката за замрзнатите ембриони, па во април годинава ја тужеше клиниката каде биле креирани.

Тој тврди дека лекарите никогаш не го предупредиле дека ембрионите може да бидат уништени ако тој и Софија се разделат.

„Никогаш немаше да прифатам да креирам нови животи (ембриони) со Софија ако знаев дека таа сака да се откаже и да ги уништи во случај на раскинување“ – вели тој.

Инаку, тужбата со клиниката сѐ уште е во тек и не се знае дали ембрионите ќе бидат уништени или не. Дури и да не бидат, Ник нема дозвола да ги користи.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg