Полицијата сѐ уште трага по убиецот на Тупак Шакур, други веруваат дека уште е жив – Смртта на раперот и по 27 години е мистерија
Интересно е што сега главен осомничен е Орландо „Бејби Лејн“ Андерсон за кого се дозна дури во 2002-рата година.
Тој бил член на бандата Southside Crips, а според оваа теорија, Тупак, заедно со продуцентот Шуг Најт и уште неколку други мажи го претепале „Бејби Лејн“ претходно истиот ден.
Нападот врз „Бејби Лејн“ бил во знак на одмазда затоа што членовите на неговата банда претходно ограбиле еден од вработените во продуцентската куќа на Тупак, Death Row, но полицијата на почетокот на истрагата не обрнала премногу внимание на инцидентот што се случил тој ден.
„Бејби Лејн“ тврдеше дека нема никаква поврзаност со убиството на Тупак и беше убиен во вооружена престрелка во 1998-ма година. Но, работите се сменија откако вујкото на „Бејби Лејн“, Киф Ди, јавно потврди дека тој и неговиот внук биле во автомобилот од кој е пукано кон Тупак.
Речиси 20 години по смртта на Тупак, Киф Ди, кој исто така бил член на бандата Southside Crips, тврдеше дека тој и неговиот внук биле во автомобилот од каде било пукано, но одби да го прекрши „кодексот на улицата“ и да каже кој пукал.
Во 2018-та година, откако му бил дијагностициран рак, Киф Ди сметаше дека веќе нема што да изгуби и одлучи да разоткрие што навистина се случило и кој пукал кон Тупак.
Во документарната серија на Нетфликс „Unsolved“, посветена на смртта на Тупак и Biggie, тој рече дека кобната вечер во автомобилот биле вкупно 4 мажи, меѓу кои и тој самиот, а дека пиштолот бил во рацете на неговиот внук Орландо „Бејби Лејн“ Андерсон.
Додека полицијата сѐ уште трага по цврсти докази за да докаже што навистина се случило таа кобна вечер, постојат и други теории, дека Тупак успеал да побегне од болницата и дека сѐ уште е жив.
Филмот насловен 2Pac: The Great Escape From UMC, тврди дека Тупак знаел дека му се подготвува убиство, па сместил свој двојник во автомобилот, а потоа побегнал во резерватот на племето Навахо во Ново Мексико. Наводно, ова бил единствен начин раперот да може да им побегне на властите и на бандите истовремено.
Б. С. Б. | Црнобело