Најомилениот пар во Холивуд! Блејк Лајвли му ги носи децата на Рајан Рејнолдс среде снимање - за да мине време со нив
- Детали
- четврток, 13 јули 2023
Блејк Лајвли и двете постари ќерки го посетија Рајан Рејнолдс на сетот на филмот Deadpool 3, а актерот уште една покажа дека е татко и сопруг за пример и најде време за нив среде снимањето. На сетот беше и неговиот добар пријател Хју Џекмен кој исто така им посвети внимание на ќерките на Рајан.
Периодов Рајан Рејнолдс го снима третото продолжение на филмскиот серијал Deadpool, но и покрај натрупаниот распоред, актерот секогаш успева да одвои време за семејството.
Моментално тој е во Англија каде што снима сцени со Хју Џекмен, кој ја репризира улогата на Вулверин.
На сетот, 46-годишниот актер беше посетен од сопругата Блејк Лајвли и двете постари ќерки.
Во февруари, Рајан и Блејк го добија четвртото дете, а само неколку месеци подоцна, актерката е во одлична форма.
На сетот таа се појави во лежерно издание со црни кожени панталони, бела кроп-топ маичка и долга бела кошула.
Рајан го носеше препознатливиот костим на Дедпул и најде време помеѓу снимањата за да биде со саканата и ќерките.
Хемијата помеѓу Рајан и Блејк е повеќе од очигледна на папарацо фотките – на една од нив тој ја прегрнува и ја бакнува на главата.
Потоа им посвети внимание на ќерките.
И Хју Џекмен, кој е добар пријател на актерот, одвои време за девојчињата.
Еден ден претходно, Рајан и Хју беа фотографирани на истиот сет додека снимаа возбудлива сцена со борење.
Хју Џекмен имаше изјавено дека завршил со улогата на Вулверин по филмот Logan од 2017-та, па со најавата дека ќе ја репризира улогата вистински ги израдува фановите на популарниот лик.
Прочитајте и: Какви родители се Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли - тој менува пелени со насмевка, децата ги кријат од новинари
Повеќе фотки од сетот на Deadpool 3:
Спирова С. | Црнобело